Пред патувањето со вашите деца важна е консултација со вашиот педијатар, за да се запознаете со сите состојби што може да му се случат на детето, а за лековите што ги носите да се запознаете добро со препорачаните дози и индикации за нивна употреба. Најчестата состојба што се јавува при патување, т.н. патувачка дијареја и повраќање, е состојба што може да го наруши комодитетот на одмор, особено кога се во прашање помали деца, па поради тоа побаравме одговори од специјалист за превенирање од овој проблем д-р сци. Александар Сајковски, педијатар.
.
Што е тоа патувачка дијареја?
Патувачката дијареја е дигестивно заболување, кое најчесто е проследено со голем број течни столици, абдоминален дискомфорт, но и повраќање кај помалите деца. Најчесто се јавува при јадење контаминирана или загадена храна или вода. Но студиите покажале дека таа може да е резултат и на промена на микробиолошката флора, особено асоцирано со некои т.н. егзотични дестинации. Најчесто тоа е состојба што не е многу сериозна кај возрасната популација и поголемите деца, но кај помалите деца носи ризик од дехидратација и некои други компликации. Општо кажано, кога патувате на место каде што климатските и санитарните услови се разликуваат битно од оние кај вас дома, се појавува ризик од појава на ова заболување.
Кои се симптомите на патувачката дијареја?
Најчести симптоми на ова заболување се појава на повеќе од три течни столици на ден, појава на итна потреба за дефекација, стомачни грчеви и гасови, гадење, повраќање и температура. Но особено е значајно што кај децата може да се развие умерена, па и тешка дехидратација, висока телесна температура, крвави столици, силни стомачни болки или ректални болки.
Кои се превентивни мерки?
Прва препорака, кога е храната во прашање, е варете ја, печете ја, лупете ја или заборавете ја. Најчести препораки за заштита од оваа клиничка состојба се да избегнувате да консумирате храна од продавачи на улица, недоволно печено месо, риба и морски плодови, да не ја оставате храната на собна температура… Употребата на антибиотици како превентива е сосема нерационална, непотребна, па дури и ризична. Антибиотиците не дејствуваат против вирусите и паразитите, така што од нив немате заштита. Од друга страна, нерационалната употреба на антибиотиците може да доведе до развој на резистентни соеви на бактерии.
Најдобра и безбедна превенција е употреба на пробиотици. Но дали се сите исти?
Различни пробиотски производи содржат различни пробиотски карактеристики. Поради ова, пробиотските бактерии треба да се дефинираат и тестираат во клинички студии на ниво на пробиотскиот вид.
Дали Lactobacillus reuteri Protectis има позитивен ефект во цревото на детето и човекот?
Да, Lactobacillus reuteri Protectis има позитивен ефект врз цревниот мотилитет, при што го забрзува празнењето на желудникот, ја забавува храната во тенкото црево, а го забрзува мотилитетот на ниво на дебелото црево. Поради ова една од индикациите за негово користење е опстипацијата. Ја намалува висцералната болка преку ослободување невромодулаторни молекули и преку инхибиција на рецепторите за болка на ниво на ентеритичниот нервен систем. Има антиинфламаторна улога и позитивен ефект на дисбиозата. До денес ефикасноста и безбедноста на овој пробиотик се документирани во 184 клинички студии кај 15.500 луѓе од различна возраст. Досега резултатите се публикувани во 159 различни научни списанија, заклучно со февруари 2018.