Развод и деца – како да им помогнете по разделбата

Разводот е помеѓу возрасните, но распадот на бракот може да има длабоки ефекти и врз децата. Помогнете му на вашето дете да одржи силна врска и љубов со другиот родител бидејќи поддршката од двајцата родители е најдобриот и најбезболен начин вашето дете да ги прифати предизвиците од разводот.

Д-р Анета Демерџиева, педијатар ви дава неколку совети како да му помогнете на вашето дете:

Разводот е помеѓу возрасните, но распадот на бракот може да има длабоки ефекти и врз децата. Помогнете му на вашето дете да одржи силна врска и љубов со другиот родител бидејќи поддршката од двајцата родители е најдобриот и најбезболен начин вашето дете да ги прифати предизвиците од разводот.

Д-р Анета Демерџиева, педијатар ви дава неколку совети како да му помогнете на вашето дете:

Како да ја соопштите веста

Најдобро е и двајцата родители да ја соопштат веста, искрено и едноставно. Можете да кажете: Мама и тато имаат некои проблеми и затоа е најдобро да живеат посебно. Бидете сигурни дека вашето дете разбира дека разводот е помеѓу возрасните. Постојано повторувајте му на вашето дете дека тоа не е причина за разводот и дека двајцата родители ќе го сакаат исто и во иднина. Исто така, за разводот информирајте ги и наставниците, тие може да го следат однесувањето на вашето дете и навреме да ве известат доколку се случува нешто невообичаено.

ОЧЕКУВАЈТЕ РАЗЛИЧНИ РЕАКЦИИ

На почетокот по соопштувањето на веста, детето го интересира дали нешто ќе се промени. Каде ќе живее, дали ќе треба да го менува училиштето, кој ќе го носи на спорт и слично. Обидете се колку можете да ја задржите секојдневната рутина на детето или што побрзо да воспоставите нова рутина. Тоа ќе знае што го очекува и ќе се чувствува посигурно. Но наскоро, ќе почне реалноста од разводот. Помалите деца на стресот одговараат со промени во однесувањето на пример појава на ноќно мокрење. Разделбата може да се рефлектира и со револт кај вашето дете – отпор кон родителите, училиштето, заедничките пријатели. Помогнете му чувствата да ги изрази со зборови и да ги сподели со најблиските. Постарите деца на разделбата може да реагираат со мешавина од емоции како лутина, вознемиреност, тага или олеснување. Детето може да биде депресивно, повлечено, гневно. Независно од симптомите охрабрете го вашето дете да разговара со вас и да ви каже што чувствува. ЗАПОМНЕТЕ: Колку и да ви е тешко – децата држете ги настрана од вашите проблеми.

Почитувајте го односот на вашето дете со другиот родител. Секогаш придржувајте се до овие правила:

  • Не зборувајте лошо за вашиот партнер пред вашето дете
  • Не терајте го вашето дете да зазема страна.
  • Не користете го вашето дете како гласник за комуникација со партнерот
  • Никогаш не расправајте се пред вашето дете
  • Не користете го вашето дете за да го повредите партнерот.

Ако имате проблем, советувањето може да помогне

По разводот можете да чувствувате болка и да се чувствувате разочарано, и ќе побарате утеха во вашето дете, но знајте тоа не е негова улога. Затоа, доколку се чувствувате депримирано, побарајте помош од стручно лице. Исто така, доколку ви е тешко со партнерот по разводот да донесувате одлуки за вашето дете, посетите психолог. Стручната помош ќе ви помогне вам но и на вашето дете. Тоа, сепак, е на прво место пред вашите чувства, желби, но и отпор кон партнерот. По разводот, комуникацијата со вашиот партнер може да биде по- следно нешто што сакате да гo направите. Но, тоа е важно и за вас и за вашето дете. Помогнете му на вашето дете да одржи силна врска и љубов со другиот родител бидејќи поддршката од двајцата родители е најдобриот и најбезболен начин вашето дете да ги прифати предизвиците од разводот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!