Дехидратација кај пациентите со канцер

Дехидрација претставува прекумерно губење телесни течности кое се јавува како резултат на недоволен внес на течности во организмот. Дехидрацијата е особено важно да се превенира кај пациентите со канцер, кои за време на третманот имаат некои од несаканите ефекти, како повраќање, покачена температура, дијареја, кои може за кратко време да доведат до нагло губење течности. Оваа состојба не треба да се занемарува бидејќи може да има животозагрозувачки ефект.

Зошто пациентите со канцер побрзо може да изгубат течности

Честата температура, повраќање и дијареја кои се јавуваат како несакани ефекти од третманот на канцер може да бидат главната причина за брза дехидратација.

Ова се основните работи кои пациентите со канцер треба да ги знаат во врска со дехидрацијата:

Како да препознаете дека сте дехидрирани:

Повлечете ја кожата на раката и пуштете ја. Ако веднаш се повлече кожата назад, тоа зборува дека имате добар тонус и дека кожата има доволно вода. Ако кожата се враќа бавно назад, тоа е знак дека на кожата ѝ недостига виталност и пред сè вода. Други симптоми се сува уста, суви секрети од телото, мала количина на урина, главоболка и вртоглавица.

Внимавајте колку внесувате и изнесувате течности

Не е лесно да одредите колку течности губите од телото освен ако не внимавате на тоа. Забележувајте колку пати сте повратиле или колку течни столици сте имале во текот на денот. Ова е важна информација која му е потребна на вашиот лекар. Исто така, важно е и да мерите колку течности внесувате. Земете си шише со вода за полесно да внимавате колку пати сте го наполниле и испразниле.

Пијте вода голтка по голтка

Доколку не можете да пиете течности, пробајте полека да внесувате течности. Пијте помали голтки, почесто за да не дозволите да дехидрирате. Друга опција е да земете мали парчиња лед и да ги топите во устата. Избегнувајте да внесувате кофеин бидејќи тој го забрзува процесот на дехидрација.

Кога е време да посетите доктор?

Вашиот лекар најдобро ја познава вашата здравствена состојба и најдобро може да ви помогне. Известете го за симптомите, особено доколку забележите потешкотии при задржување на течностите во телото, доколку не можете да ги ставите под контрола симптомите, доколку имате висока температура, доколку сте поспани или забележувате знаци на конфузија.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!