Депресија кај мажите

Депресијата различно се рефлектира кај мажите и кај жените. Мажите имаат различни техники на справување со оваа состојба за разлика од жените. Исто како жените, депресивните мажи не се исполнети од активностите во кои до вчера уживале и постојано се тажни и несреќни. Оваа состојба може да има и други знаци кои мажите ретко ги поврзуваат со депресија:

Депресијата различно се рефлектира кај мажите и кај жените. Мажите имаат различни техники на справување со оваа состојба за разлика од жените. Исто како жените, депресивните мажи не се исполнети од активностите во кои до вчера уживале и постојано се тажни и несреќни. Оваа состојба може да има и други знаци кои мажите ретко ги поврзуваат со депресија:

–          Бегање од реалноста, поминување многу време на работа

–          Зависност од алкохол и дрога

–          Агресивно однесување

–          Чувство на бес, без одредена причина

–          Немарно однесување, ризично возење

–          Неверност, нездрав сексуален живот

Поради следниве причини, мажите тешко можат ја препознаат депресијата:

–          Неинформираност за тоа како депресијата се одразува кај нив. Повеќето од мажите сметаат дека главниот симптом за депресија е тажното и емоционалното расположение. Главно, првите симптоми што укажуваат на депресија се  главоболка, проблеми со варењето на храната, измореност, надразливост и хронична болка. 

–          Потценување на знаците и симптомите. Често се случува мажите да ги потценат симптомите или,, пак не сакаат да си признаат дека се во депресија. Но, игнорирањето и прикривањето на депресијата преку нездрави навики нема да им помогне.

–          Се колебаат да разговараат за симптомите. Машките не се отворени до степен да разговараат со своите пријатели или семејство во врска со своите чувства  затоа наш предлог е најпрвин да зборувате со медицинско лице.

–          Некои мажи едноставно се помируваат со фактот дека се во депресија, целосно ги разбираат симптомите, но избегнуваат да зборуваат за тоа бидејќи се плашат да не им биде загрозена кариерата или да не ја загубат почитта кај своите најблиски.

Побарајте помош кога сметате дека ви е потребна

Обично мажите  не ги препознаваат симптомите на депресијата, односно сметаат дека се работи за моментална слабост, со што се обидуваат да не ѝ дадат посебно значење на оваа состојба. Поради тоа, тие ретко бараат помош од лекар.

Доколку оваа состојба не се третира навреме, таа може само да се влошува, па дури и да излезе од контрола. Депресијата ве прави вас и луѓето околу вас мизерни. Таа може да предизвика проблеми врз многу аспекти од вашиот живот, како што се здравјето, кариерата, односите со луѓето, како и личната безбедност.

Депресијата, дури и кога е во најнапредна фаза, може да се подобри со лекови или со психолошки  совети (психотерапија), затоа не трудете се самите да ја лекувате.

Депресија кај мажите и техники за справување

Многумина сметаат дека нивните симптоми на депресија не се толку страшни. Најчесто мислат дека можат самите да поминат преку нив и да излезат од оваа состојба. Не ретко се случува да бараат решение во прекумерното пиење алкохол и земање дрога, како и прекумерно работење. Одлуката за самосправување може да ве доведе до состојба да бидете несреќни, како и комплетно да ја изгубите смислата на животот.

Сепак, повторно се препорачува консултација со лекар бидејќи тој ќе ви наведе неколку здрави  техники за справување со депресијата.

–          Цели– Поставете реална цел и приоритети

–          Поддршка -Побарајте поддршка од бизок пријател или член од семејството.

–          Активност– Бидете активни и уживајте во работите кои најмногу ги сакате. Вежбајте, гледајте филмови и серии, спортувајте, одете на риболов …

–          Одлуки- Потрудете се да не носите сериозни одлуки кои би можеле да ви го сменат животот, како што е менување на работното место сѐ додека не ви се подобри состојбата

На крајот, медицината ви нуди разни третмани за депресија, затоа не трудете се самите да се излекувате од оваа состојба бидејќи последиците можат да бидат сериозни.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!