Стотици милиони луѓе во светот страдаат од алергии, а се проценува дека 300 милиони имаат астма. Aстмата е една од најчестите хронични заболувања на дишното стебло во детството во целиот свет. Инфламацијата на дишното стебло е особен процес кај астмата, па оттука и потребата од мерење на нејзиниот степен. Постојат различни методи за процена на степенот на алергиската осетливост на дишното стебло. На Одделот за пулмоалергологија во „Аџибадем Систина“ пациентите имаат можност да го проценат степенот на алергиската инфламација со помош на револуционерниот тест за мерење на азотен оксид во издишаниот воздух.
Проф. д-р Гордана Маческа Баџакова, педијатар пулмоалерголог, вели дека мерењето на азотен оксид (FeNO) е квантитативна, неинванзивна, едноставна и сигурна метода за следење на степенот на инфламација кај пациенти со симптоми на астма. Тестот претставува неинванзивен маркер за актуелната алергиска инфламација на дишното стебло. Азотниот оксид е мала гасна молекула, која се создава во епителните клетки на бронхијалниот ѕид и е дел од инфламаторниот процес. Во издишаниот воздух кај здрави деца изнесува од 5 до 15 ppb (пер парт билиони). Се мери кај секое дете почнувајќи од шестата година. Мерењето на FeNO помага во проценка, третман и долгорочното следење на симптомите кај пациентите со астма.
Азотниот оксид е мала гасна молекула, која се создава во епителните клетки на бронхијалниот ѕид и е дел од инфламаторниот процес. Во издишаниот воздух кај здрави деца изнесува од 5 до 15 ppb (пер парт билиони).
Што открива тестот?
Кај нови пациенти, зголеменото ниво на FeNO е до- каз дека постои алергиска инфламација на дишните патишта согласно со астматската болест. Таквиот пациент ќе одговори на терапијата со инхалирач- ки кортикостероиди. Друга примена на мерење на FeNO е да се открие промена на нивото на FeNO во споредба со претходните измерени вредности. Зголеменото ниво на FeNO може да укаже за промена на инхалирачката кортикостероидна терапија или недоволна дневна доза на аплицираниот лек.
Ја детектира инфламацијата пред појава на симптомите
FeNO се покажа дека може да одговори побрзо од кој било друг маркер за промена на инфламаторниот статус, дури и пред да се појават симптомите. FeNO ни користи во нивелирањето на стероидната инхалаторна терапија се користи и како метода во предвидувањата на контролата на болеста и ни дава информации во редовноста на примање на терапијата
Мерењето на азотниот оксид обезбедува брз одговор на прашањата:
- Дали децата со неспецифични респираторни симптоми имаат алергиска инфламација на дишните патишта?
- Дали долготрајната кашлица се должи на алергиска инфламација?
- Каква е соработката кај деца што примаат антинфламаторна терапија?
- Каков е одговорот од терапијата?
- Дали има промена во алерген-експозицијата?
- Каква е фенотипската детерминација на болеста?
- Дали болеста е правилно контролирана?
- Кога да ја намалиме или зголемиме дозата на препишаната терапија?
Kлиничката болница „Aџибадем Систина“ е прва и единствена здравствена институција во Mакедонија која располага со неинванзивна метода за следење на бронхијалната алергиска инфламација. Од првиот тест изминаа 7 и пол години, период во кој се воспостави адекватна стандардизација на методологијата за мерење на FeNo на територија на Р Македонија.