Естетска корекција на истакнати уши

Корекцијата на ушите е хируршка интервенција со која се коригира положбата и обликот на ушните школки кои се премногу истакнати и одвоени од главата, односно кога станува збор за т.н. клемпави уши. Најдобар период за корекција на ушите е во детската возраст, кога ’рскавицата е помека и лесно се моделира. Хируршката интервеција се изведува под општа или локална анестезија.

Корекцијата на ушите е хируршка интервенција со која се коригира положбата и обликот на ушните школки кои се премногу истакнати и одвоени од главата, односно кога станува збор за т.н. клемпави уши. Најдобар период за корекција на ушите е во детската возраст, кога ’рскавицата е помека и лесно се моделира. Хируршката интервеција се изведува под општа или локална анестезија.

Д-р Илија Мостров, специјалист по пластична и реконструктив­ на хирургија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, советува дека е најдобро естетската хирургија на ушите да се направи откако детето ќе наполни шест години бидејќи тогаш формата на ушната школка добива дефинитивен изглед и положба. ’Рскавицата на ушната школка е помека и полесна за обликувања за разлика од кај возрасните. Најчесто за ваква интервенција се одлучуваат деца кои се цел на потсмев кај своите врсници заради физичкиот изглед и се многу мотивирани за операција. Често ини­цијатори за интервенција се и родителите кои сметаат дека „клемпавите уши“ го нарушуваат изгледот на нивните деца. Со помош на естетската хи­ рургија може да се коригира нивната големина и положба.

Оперативен третман

Кај мали деца операцијата се изведува под општа анестезија, додека локалната анестезија е погодна за поголеми деца и возрасни. Децата генерално добро соработуваат заради изразената мотивација. При интервен­цијата се обезболува местото околу ушите, се прави резот, а потоа се моделира ’рскавицата со цел да се нама­ли аголот помеѓу увото и главата. По шиењето на раната, ушите се превр­зуваат со компресивна преврска околу главата. Интервенцијата трае еден до два часа, во зависност од видот на корекцијата. Хируршката техника зависи од постојниот проблем. Ако интервенцијата е под општа анестезија, се препорачува еден ден болничко лекување. Кај интервенциите со локал­ на анестезија, пациентот си оди дома по неколку часа.

Постоперативен период

Постоперативните болки се ретки, а доколку се јават може да се контролираат со лекови. Пациентите задол­жително мора да носат еластичен завој 14 дена, а потоа конците се вадат. Оваа интервенција може да се прави во кое било време од годината, но кај децата се препорачува за време на зимскиот одмор. Компликациите се ретки. Најчесто се јавува оток во делот зад увото, модринки или хематом. Во текот на два месеци по операцијата, при физичка активност и спиење треба да се носи спортска лента и да се внимава да не дојде до удар во пределот на увото.

 

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!