Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

И децата имаат главоболки

Кога се споменуваат главоболките најчесто се мисли дека само возрасните се соочуваат со овој проблем. Но, и многу деца имаат главоболки, кои се појавуваат од истите причини како и кај возрасните. Главоболките кај децата се честа причина за консултација со педијатриски невролог. Како и кај возрасните така и кај нив постојат повеќе различни типови главоболки, како периодични главоболки од типот на мигрена или тензиона главоболка (предизвикана од стрес), но и хронични секојдневни главоболки. Симптомите почнуваат најчесто доцна попладне и траат oд 1 до 4 часа. Најголемиот број главоболки во детството не се поврзани со сериозно заболување туку со несоодветен режим на одмор, проблеми во семејството или училиштето, исхрана и физичка активност кај децата.

Кога се споменуваат главоболките најчесто се мисли дека само возрасните се соочуваат со овој проблем. Но, и многу деца имаат главоболки, кои се појавуваат од истите причини како и кај возрасните. Главоболките кај децата се честа причина за консултација со педијатриски невролог. Како и кај возрасните така и кај нив постојат повеќе различни типови главоболки, како периодични главоболки од типот на мигрена или тензиона главоболка (предизвикана од стрес), но и хронични секојдневни главоболки. Симптомите почнуваат најчесто доцна попладне и траат oд 1 до 4 часа. Најголемиот број главоболки во детството не се поврзани со сериозно заболување туку со несоодветен режим на одмор, проблеми во семејството или училиштето, исхрана и физичка активност кај децата.

Мигрена – овој тип главоболка сѐ почесто се дијагностицира кај децата, дури и во доенечка возраст. Таа немора да биде еднострана, главно претставува пулсирачка болка, која се влошува со активност, често постои гадење и повраќање, стомачна болка и пречувствителност на светлина и звук.

Тензиони главоболки – овие главоболки траат од пола час до неколку дена. Помалите деца често престануваат со игра и имаат потреба за подолг сон. Станува збор за болка со благ до умерен интензитет од двете страни на главата, не е пулсирачка и не се појачува при физичка активност, не е следена со гадење и повраќање.

Постои затегнатост (спазам) на мускулите на главата, вратот и рамениот појас. Често се поврзани со стресни моменти во училиште или дома, имаат бениген карактер и добро реагираат на сон.

Cluster главоболки (во групи) – се јавуваат кај поголеми деца, над 10-годишна возраст, во серии од 5 и повеќе епизоди, во различни интервали, од 1 епизода на 2 дена, до 8 епизоди на ден. Станува збор за остра прободна болка од едната страна на главата која трае од 15 мин- 3 часа, следена со солзење, секреција од носот и вознемиреност.

Хронични секојдневни главоболки– овој термин означува мигренозни или тензични главоболки кои се јавуваат повеќе од 15 дена во месецот во период од над 3 месеци. Поврзани се со инфекции, благи трауми на главата и преголема употреба на аналгетици (повеќе од 2-3 пати неделно).

Кога да посетите лекар?

Посетете детски невролог ако главоболките го будат детето од сон, се зачестуваат или стануваат појаки, ја менуваат личноста /карактерот на детето, се јавуваат по пад или удар во главата, се следени со покачена температура и здрвен врат. Фактори што влијаат на појава на главоболка се: инфекција (настинка, грип, инфекции на уво и синуси, но и посериозни инфекции на мозокот – менингитис или енцефалитис придружени и со други симптоми- висока температура, затегање на врат); траума на главата- дури и благи трауми можат да предизвикаат главоболка, но потребен е итен преглед ако главоболката се појачува; eмоционални фактори- стрес, анксиозност, депресија; генетска предиспозиција- особено за мигрена; храна и пијалаци (нитрити- кои се присутни во сланината, колбаси и виршли, како и други адитиви во храната), премногу кофеин (газирани сокови, чоколадо, кафе и чај) или патолошки процеси во мозокот- тумор, крвавење. Секако, при овие состојби секогаш постојат и други сериозни симптоми – нарушување на видот, вртоглавици, нарушена моторна координација.

Како да постапите?

Водете дневник на главоболките – кога се јавуваат, колку траат, провокативни фактори. Направете листа на сите лекови, витамини и суплементи што ги прима вашето дете. Ставете влажна ладна крпа на челото на детето и овозможете му одмор во затемнета и тивка просторија. Дајте му една доза аналгетик на почетокот на главоболката (на пример Ибупрофен или Парацетамол). Не го повторувајте лекот почесто од препорачаното! Практикувајте здрави навики- доволно сон, физичка активност, здрава исхрана. Зголемената тежина и недоволната физичка активност се директно поврзани со појава на главоболки, особено кај адолесцентите. Намалете го стресот – премногу обврски, а недоволно игра и забава придонесуваат за појава на главоболки. Секогаш консултирајте се со педијатар или педијатриски невролог и придржувајте се до терапискиот план.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!