Улогата на стоматологијата во подобрување на изгледот најчесто се потценува и погрешно се интерпретира. Денеска се достапни многу современи стоматолошки техники кои едноставно, лесно и безболно секому можат да му овозможат усогласеност, симетрија и природен изглед на неговите заби.
Насмевката е најважниот дел од вашето лице. Но, за жал не сакаат сите да ја покажат, а една од причините за тоа е т.н. појава гингивална насмевка или gummy smile. Затоа не чудете се зошто не можете да ги видите насмеани. Причина за тоа е што кога ќе се насмевнат, нивната горна усна се издигнува премногу високо, па освен забите се гледа и голем дел од непцето. До оваа појава најчесто доаѓа поради хиперактивност на мускулите на горната усна. Дополнителен проблем претставува доколку имате тенка горна усна која придонесува за поголемо изложување на горните непца. Ова може да пречи во професионалниот и социјалниот живот, но дали сте знаеле дека и некои холивудски ѕвезди, меѓу кои и Том Круз, го имаат овој проблем.