Незадоволството и негативните чувства може да се преселат и во креветот. Овие пациенти земаат и антидепресиви кои, исто, се причина за еректилна дисфункција. Но процесот може да биде и обратен – поради еректилна дисфункција, пациентите да заболат од депресија. Мажите полека почнуваат да зборуваат за проблемот и да бараат решение. Јас, како уролог, ги охрабрувам сите мажи што се соочуваат со еректилна дисфункција да не се срамат и да не го кријат овој проблем, бидејќи за него има решение.
Што е, всушност, еректилна дисфункција?
-Еректилната дисфункција (импотенција) кај мажот се дефинира како неспособност да се воспостави и одржи ерекција доволна за сексуален однос. Според податоците на светско ниво, се претпоставува дека приближно 5 до 20% од мажите имаат умерена до тешка форма на еректилна дисфункција.
Кои се најчестите причини за појава на еректилна дисфункција?
-Еректилна дисфункција кај мажите може да се јави на која било возраст. Кај тинејџери се јавува поради страв од неуспех при сексуален однос или од бременост. Ризикот од еректилна дисфункција е поголем кај повозрасните мажи, кога најчесто е последица од повеќе фактори или заболувања, како дијабетес, хормонален дисбаланс, васкуларни болести, депресија, нарушување во централниот и периферниот нервен систем, недоволна физичка активност, дебелина, пушење и покачен холестерол кои, сами по себе или комбинирани, придонесуваат за нејзина појава.
Се претпоставува дека околу 70% од лицата постари од 70 години имаат проблеми со потенцијата. Загрижува фактот што сe поголем број мажи на средна возраст страдаат од еректилна дисфункција.
Влијае ли стресот врз еректилната дисфункција кај мажот?
-Стресот и депресијата се една од причините за губење на машката потенција. Незадоволството и негативните чувства може да се преселат и во креветот. Исто така, овие пациенти земаат антидепресиви кои, исто, се причина за еректилна дисфункција. Но овој процес може да биде и обратен. Пациентите, поради еректилна дисфункција, да заболат од депресија.
Постои ли поврзаност помеѓу еректилната дисфункција и други медицински состојби и болести?
-Еректилната дисфункција е во тесна врска со хроничните болести, особено со дијабетесот. Околу 75 проценти од мажите со дијабетес имаат еректилна дисфункција. Но доколку пациентите го контролираат нивото на шеќер во крвта, овој ризик се намалува. Други заболувања кои може да доведат до еректилна дисфункција се кардиоваскуларните заболувања, атеросклероза, бубрежни заболувања и мултиплекс склероза, кои може да го нарушат протокот на крв или на нервни импулси до кавернозните (еректилни) тела на пенисот.
Се поврзува ли еректилната дисфункција со стареењето?
-Со стареење се менува хормоналниот статус кај мажот, особено со намалувањето на тестостеронот во крвта. Покрај тоа, се зголемува инциденцата од васкуларни заболувања (болести на крвните садови) што, само по себе, резултира со појава на еректилна дисфункција.
Како се лекува оваа состојба и може ли да се спречи?
-Има повеќе начини во лекување на еректилна дисфункција во зависност од причините што ја предизвикуваат. Терапијата се состои од лекови од групата на ПДЕ-5 инхибитори (инхибитори на ензимот 5-фосфодиестераза). Заедничко за сите нив е што не предизвикуваат ерекција сами по себе, односно неопходна е сексуална стимулација за да го изразат својот ефект. Најчести несакани појави од ПДЕ-5 блокаторите може да бидат главоболка, зацрвенување на лицето, вртоглавица, затнување на носот. Ретко се јавуваат и болки во мускулите. Други начини на лекување на еректилна дисфункција се вакуумски направи за ерекција, психосоцијална терапија, инјекции (со простагландини) за директно вшприцување во пенисот, лекови кои се препишуваат во форма на гел во мочниот канал.
Во случаи кога нема да се постигнат резултати со сите овие методи на лекување, единствено и трајно решение е вградување на пенилни протези.
Пенилните протези се користат како последна опција во третманот на еректилната дисфункција, за постигнување и одржување на ригидност на пенисот, со што се овозможува нормален сексуален одно
с. Основна индикација за вградување на пенилни протези претставува трајно губење на ерекција. Во основа, постојат два вида пенилни протези: полуцврсти протези (семиригид) и протези на надувување (инфлатибилни). Семиригидните пенилни протези се вметнуваат во еректилните тела, и со тоа пациентот добива трајна цврстина на пенисот, доволна за сексуален однос. Пациентот едноставно мануелно го обликува пенисот, со што добива положба за пенетрација. По вградувањето на протезите, саканата ерекција се постигнува едноставно, со притискање на пумпата, сместена во скротумот на пациентот. Предноста на семиригидните протези е во едноставноста на вградувањето и неколкупати пониската цена, а предноста на инфлатибилните протези е постигнувањето на природна ерекција со зголемува на должината и обемот на пенисот. 90% од оперираните пациенти имаат нормален сексуален однос. Пенилните протези се вградуваат единствено во “Аџибадем Систина”.
Зошто еректилната дисфункција е проблем за кој се молчи?
-Еректилната дисфункција за мажите претставува срам и вина дека не успеале да ги исполнат очекувањата на партнерката. Поради ваквото доживување на еректилната дисфункција, тие се повлекуваат во себе и не сакаат да зборуваат за својот проблем. Мора да напоменам дека во последните години сликата е поинаква, мажите полека почнуваат да зборуваат за овој проблем и да бараат решение. Јас, како уролог, ги охрабрувам сите мажи што се соочуваат со еректилна дисфункција да не се срамат и да не го кријат овој проблем, бидејќи за него има решение. Единствено “Аџибадем Систина” овозможува комплетен и најсовремен третман на еректилната дисфункција.