Храна која ќе ја „уништи“ вашата диета

Дали ви се случило во моментите кога најмногу внимавате како се храните, вагата да не се помрдне ниту еден милиметар? Ова се случува кога ги следите тврдењата и ветувањата на производителите на храната наместо на нутриционистите.

Најчесто се препорачува да јадете умерено, односно да не ја преполнувате чинијата и да внесувате здрава и разновидна храна. Доколку сакате да ја одржите вашата тежина или да загубите некој килограм, тогаш избегнувајте ја следнава храна.

1. Пијалаци со многу калории

Во оваа група се наоѓаат витаминските пијалаци кои содржат разни шеќери. Секогаш бирајте пијалаци кои не содржат калории. Водата е одличен избор. Доколку сакате да ја измешате или обоите, слободно додајте свеж лајм, лимон или минт.

2. Смуди

Пред да си купите смуди од продавница, претходно проверете ги калориите. Некои содржат и повеќе од 1000 калории, како и состојки од кои би имал потреба само бодибилдер од светска класа. Најдобрата опција за вас е да го грабнете вашиот блендер и да си го направите вашето омилено смуди со свежи овошја и зеленчуци и малку масен јогурт.

3. Микс од апетисани, суво грозје и чоколадо

Доколку во миксот има состојки кои во себе содржат јогурт, најверојатно се работи за хидрогенизирани масти (транс масти). Транс мастите имаат способност да го намалат добриот холестерол и да го покачат лошиот. Најдобро е самите да си приготвите микс кој би содржел кикиритки, ореви, суво грозје и темно чоколадо кое содржи 70% какао. Не претерувајте ни со темното чоколадо, доволни ви се неколку коцки со цел да го подобрите здравјето на срцето.

4. Протеински стапчиња

Овие стапчиња можеби не можат да се споредат со млечното чоколадо. Но, сепак, многу подобро би било да ги замените со јаболко или некое друго овошје. Доколку и покрај тоа се одлучите за нешто благо, потрудете се да го одберете она со најмалку калории.

5. Немасни слатки

Немасните колачи и торти можат да ви направат мала заблуда. Многумина кога ќе прочитаат „немасно“ (fat-free), имаат чувство дека таа храна не содржи калории и јадат во поголеми количини. Всушност, шеќерите се тие кои играат улога на масти во овие производи, а со тоа се зголемува и внесот на калории во вашето тело.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!