Инфекција на уши

Доколку вашето малечко немирно спие, се држи за ушињата или ја зафрла главата при спиење, често се буди, понекогаш со врисок, можно е да се работи за воспаление на ушињата. Кај повозрасните деца, родителите понекогаш забележуваат одредени потешкотии во комуникацијата – не се одзива кога му се обраќаат, има потешкотии во следењето на наставата, го засилува тонот на телевизорот. Сите овие се индиректни знаци на одреден проблеми со ушите што бараат внимание и треба да се проследат за да се превенираат состојбите кои можат да доведат до оштетување на слухот кај децата или појава на компликации.

Доколку вашето малечко немирно спие, се држи за ушињата или ја зафрла главата при спиење, често се буди, понекогаш со врисок, можно е да се работи за воспаление на ушињата. Кај повозрасните деца, родителите понекогаш забележуваат одредени потешкотии во комуникацијата – не се одзива кога му се обраќаат, има потешкотии во следењето на наставата, го засилува тонот на телевизорот. Сите овие се индиректни знаци на одреден проблеми со ушите што бараат внимание и треба да се проследат за да се превенираат состојбите кои можат да доведат до оштетување на слухот кај децата или појава на компликации.

  • До возраст од 12 месеци 65-70% од децата имаат најмалку една епизода на воспаление на ушите
  • До 3 години речиси пола од децата имаат 3 или повеќе епизоди на воспаление на ушите

Драматичниот пораст на случаите со инфекција на ушите се должи на :

  • Зголеменото загадување на средината
  • Сè поголемата употреба на дневните центри за престој на децата

Причинитeли на инфекција

  • Недоволно развиениот имунолошки систем кај децата
  • Анатомските карактеристики на Евстахиевата туба (цевчето кое го поврзува средното уво со сводот на ждрелото)
  • Присуство на т.н. трет крајник кој освен тешкотиите при дишење преку нос може да претставува и извор на бактерии кои преку Евстахиевата туба можат да поминат во средното уво

Симптоми

Инфекцијата на увото може да се појави и доколку детето има настинка или воспаление на ждрелото, па да биде проследена со следниве симптоми:

  • Болка во уво
  • Покачена телесна температура
  • Чувство на исполнетост во увото
  • Намален слух
  • Треска
  • Гадење, повраќање или дијареа

Инфекцијата на ушите не е наивно заболување бидејќи доколку ненавремено и несоодветно се лекува може да доведе до компликации – слабеење на слухот, ширење на инфекцијата кон околните анатомски структури, но и кон мозочните структури што претставува најсериозна компликација.

Кога на оториноларинголог?

Бебињата кои се многу мали едноставно не можат да кажат што чувствуваат, ниту, пак, каде и што ги боли, често се допираат по ушињата, раздразливи се и не можат да спијат. Поголемите деца полесно ги распознаваат симптомите на инфекцијата на ушите. Ако и вашето дете ги има овие симптоми побарајте совет од вашиот оториноларинголог, но и во случаи кога:

  •  Вашето дете има три инфекции на увото во период од шест месеци или, пак, четирипати во текот на една година
  • И покрај терапијата со антибиотици инфекцијата не поминува
  •  Вие или наставниците забележувате намалување на слухот кај детето

 Да или Не за антибиотик?

Проценката да се препише антибиотик или не зависи пред сè од добрата проценка на симптомите и локалниот наод. Ако докторот ви препишал антибиотик, тогаш треба терапијата да се земе до крај, а не да се престане по подобрување на здравствената состојба кај детето. Воедно, бидејќи најчесто овие инфекции се поврзани со намалена функција на Евстахиевата туба, неопходно е користење на деконгестивни капки во нос.

Хируршка интервенција

Ако вашето дете има излив во средното уво што трае по- долго време и причинува намалување на слухот, неопходно е да се изведе и хируршка интервенција за отстранување на изливот од средното уво. Постапката е лесна и едноставна, трае кратко, а се изведува со анестезија. Со помош на микроскоп и мал инструмент (ушен спекулум) се влегува низ ушниот канал, се прави мал засек на ушното тапанче и се извлекува изливот од увото, а потоа, во најголем број случаи се пласира вентилациско цевче на местото каде се засекува тапанчето со цел да се овозможи подолготрајно вентилирање и дренирање на секретот од средното уво. Оваа интервенција се практикува и во случаи кај повторувачки акутни воспаленија на средното уво или кај воспаленијата кај кои не се подобрува состојбата и покрај спроведената терапија. Во случаите кога инфекцијата веќе се проширила кон мастоидниот продолжеток (коската зад увото) или се јавила друга компликација неопходно е и пообемна хируршка интервенција. За сите проблеми што ќе ги препознаете во овој текст консултирајте се со својот оториноларинголог. Навремената дијагноза го прави пол
есно лекувањето на овие состојби, а воедно и го спречува ризикот од појава на компликации.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!