Што значи хипоспадија и зошто во последниве години е во забележителен пораст меѓу машките деца?
Хипоспадија е една од најчестите вродени аномалии кај машките деца и се јавува во просек кај едно машко дете во 200 живородени машки родени. Многу честа аномалија на машките полови органи и она што е интересно е дека ако не се лекуваа навреме и правилно оваа аномалија може подоцна да направи бројни компликации. Оваа состојба не е во голем пораст од причина што родителите денес се многу информирани. Родителите и од најдалечните средини, дури и таму каде што нема детски лекари сами препознаваат дека нешто не е во ред со нивното дете и сами бараат помош. Во минатото не беше вака. Порано ваквите деца се кријеа и беше срамно и пациентите доаѓаа многу касно кога децата ќе израснат.
Друга причина зошто оваа аномалија е во пораст се и условите во кои живееме. Современиот начин на живот, новите технологии и користењето на многу хемиски средства во овошјето и зеленчукот кои се користат во исхраната доведоа до пораст на сите аномалии кај децата. Денес можеме да кажеме дека пестицидите се едни од многу одговорните материи кои можат да доведат до овие аномалии кај децата.
Кој е првиот знак што треба да им привлече внимание на родителите за да ја препознаат состојбата?
Денес благодарение на современата медицина сите педијатри, гинеколози и сите оние кои се вклучени во процесот на породување и следење на состојбата на бебињата во текот на животот на многу едноставен начин можат да ја препознаат оваа аномалија кај бебињата. По автоматизам ваквите деца ги упатуваат на детски уролог. Многу лесно се препознава оваа аномалија и денес 90% од децата кои се родени со оваа аномалија во прво време се упатени на детски уролог кој треба да го продолжи понатамошното лекување.
Што значи лесен, а што комплициран случај на хипоспадија?
Хипоспадијата сама по себе претставува аномалија кај која отворот на мочниот канал не се наоѓа на природното место туку на гланс (главата) на пенисот. Тој отвор може да се наоѓа под гласот на телото на пенисот, дури и доле близу аналниот отвор. Во зависност од нивото каде овој отвор се наоѓа, ние сите хипоспадии ги делиме на лесни и тешки форми. Лесни форми се оние кај кои отворот се наоѓа близу главата на пенисот, додека тешки форми се сите оние кај кои отворот се наоѓаат од тестисите (скротумот) па се до каналниот отвор.
Како се решаваат проблемите предизвикани од оваа аномалија?
Искусен детски уролог по прегледот на пациентот многу добро знае со која оперативна техника може да ја искористи за да го реши проблемот и како оваа болест би се завршила со една оперативна интервенција. За жал денес постојат многу доктори кои се обидуваат да работат на овој проблем, но кои принципелно немаат многу искуство. Она што е светски тренд во лечење на оваа болест е дека секој доктор кој оперирал најмалку 50 хипоспадии годишно може да биде регистриран и да биде одговорен за лечење на оваа аномалија. Докторите кои ова го прават периодично, односно имаат по само 3-4 пациенти со хипоспадија годишно не се доволно искусни и кај нив може да се очекува да настанат компликации. Затоа се препорачува за овој проблем да се обратите кај искусен хирург, детски хирург или детски уролог кој прави минимум 50 вакви операции годишно.
Какви се искуствата во Македонија?
Во Македонија искуствата се многу позитивни, благодарение на нашата соработка која ја започнавме пред 7 години со Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како и соработката која ја имавме со одредени центри во Македонија. Заедно доведовме до успешноста на лечење на овие аномалии да достигне едно завидно ниво. Се помалку имаме комплицирани случаи , а се повеќе имаме пациенти кои по една операција се способни функционално и естетски да продолжат со својот нормален живот, како нормални мажи. Тоа е нашата тенденција и цел, како и причина зошто јас доаѓам овде и зошто се обидувам да им помогнам на децата во Македонија. Мислам дека колегите кои работат со мене на овој начин ќе се усовршат и во иднина и сами да ги изведуваат овие интервенции. Тешко е да ја напушташ својата земја, да доаѓаш овде но мене ми е претставува големо задоволство, од причина што ја сакам оваа земја и што се наоѓам опкружен со многу пријатели и што уживам во сите убавини кои Македонија ми ги нуди.
Кој бил вашиот најмал пациент?
Ова аномалија најчесто се оперира во текот на првата година од животот на децата, значи веќе од 7 – 8 месец па натаму. Се зависи од формите на аномалијата. Ако е формата тешка, тогаш почнуваме да работиме многу порано, како ќе овозможиме тој пенис да се развива што подобро.