Исхрана и остеопороза

Поврзаноста на болеста и исхраната е одамна докажана, па кога ќе ги сумираме последиците од остеопорозата, а тоа се во најлош случај фрактурите на коските кои со себе повлекуваат сериозен степен на инвалидитет, намалена работна способност, па дури и смртни последици станува јасно колкав акцент треба да се стави на превенцијата од оваа болест

Поврзаноста на болеста и исхраната е одамна докажана, па кога ќе ги сумираме последиците од остеопорозата, а тоа се во најлош случај фрактурите на коските кои со себе повлекуваат сериозен степен на инвалидитет, намалена работна способност, па дури и смртни последици станува јасно колкав акцент треба да се стави на превенцијата од оваа болест

Остеопорозата е заболување на коските кое ја намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Повеќе ризик-фактори имаат влијание за настанување на остеопенијата и остеопорозата, но на некои од нив навистина и да сакаме не можеме да влијаеме. Такви процеси се стареењето, полот, други примарни заболувања кои се лекуваат со кортикостероиди, а некои сметаат дека и откажувањето од никотинот е ризик-фактор кој не е така лесно да се смести во групата на лесно менливи! Затоа диетолозите истакнуваат дека е неопходно да се обрне внимание на правилната исхрана бидејќи таа е значаен ризик-фактор за појава на ова заболување. Без разлика за каков вид остеопороза зборуваме (примарна и секундарна) д-р Александра Хаџи-Димова, диетолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, потенцира дека здравиот животен стил кој вклучува правилна исхрана за коските со одржување оптимална телесна тежина и практикување на физичка активност, се првите и најзначајни чекори во борбата со остеопорозата. Внимавајте, бидејќи уште од младоста најголема густина на коскената маса се постигнува некаде околу 30-тите години, а потоа таа постепено се намалува со стареењето. Кај женскиот пол по менопаузата ова намалување се одвива 5-10 пати побрзо како резултат на нерамнотежата на хормоните естроген, прогестерон и гликокортикоидите (заболувањето почесто е кај женскиот пол). Заради ова е навистина важно во овој активен животен период скелетот да биде што поздрав и појак, а за такви јаки коски она што е потребно се калциум, магнезиум, витамин Д и редовно движење.

Превенција на остеопороза

Исхраната за превенција на остеопорозата содржи намирници богати со калциум кои учествуваат во одржување на рамнотежата со калциумфосфор: ситната морска сина риба која треба да се изеде цела заедно со коските, потоа јаткасти плодови, млечни ферментирани производи, зеленчукот на кој му се јаде листот, како и кељот, кој се нарекува уште и крал по богатството на калциум. Семките на сусамот, брокулата, тофу сирењето, прокељот се исто така намирници богати со калциум. Сокот од морков и сокот од портокал треба да се дел од трпезата во превенцијата и лекувањето на остеопорозата.

Правилна апсорпција на калциумот

За да го задржиме калциумот во коските и забите наместо во меките ткива и околу зглобовите потребно е доволно количество магнезиум. Иако спротивни по своето влијание врз метаболизмот, магнезиумот и калциумот дејствуваат заеднички како резултат на активноста на паратироидните жлезди, како и нивната рамнотежа со фосфорот. Ако концентрацијата на магнезиумот е ниска, концентрацијата на калциумот мора да порасне за да се воспостави рамнотежа, а во тие ситуации калциумот доаѓа од коските и забите. Затоа навистина е важно да се одржува здравјето на паратироидните и тироидната жлезда. Особено треба да внимаваат луѓето кои се хранат со претежно рафинирана храна. Целозрнестите житарки (правилно подготвени со натопување), мешунките, месото, јаткастите плодови – бадеми, кавијарот, листестиот зеленчук, лимонот, артичоката – се намирници богати со магнезиум. Зелката, пак, на пример содржи бор, кој, пак, го зголемува нивото на естрогените хормони, а тие се оние кои ги чуваат коските.

Витамин Д

Витаминот Д, кој е важен за метаболизмот на калциумот и фосфорот, човечкиот организам сам го произведува под дејство на сончевата светлина. Тој е особено важен бидејќи без него калциумот нема да се апсорбира, односно нема да помине од цревата во крвотокот, а ако калциумот го нема доволно во циркулацијата, нема да го има и во коските. Но функционирањето во затворени работни простории и живеалишта, како и одбегнувањето на консумација на маст која е богата со овој витамин придонесува за негов дефицит. Рибиното масло, жолчката од јајцето, лососот, харингата, телешкиот црн дроб, спанаќот, репката, морковот, шампињоните се хранливи намирници богати со витамин Д.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!