Каде се кријат бактериите и вирусите?

Насекаде околу нас има бактерии и вируси, но еве неколку места каде тие се кријат во вашиот дом.

Машината за перење и кадата се места каде може да има многу бактерии и вируси. Тие се пренесуваат од валканите алишта кои ги ставате во кадата и машината, затоа еднаш неделно ставете белило кое ќе ги убие бактериите.

Дом за бактериите и вирусите се и крпите затоа често менувајте ги крпите од бањата, кујната, крпите по тренинг. Промената правете ја на неколку дена или откако ќе имате гости кои ги користеле вашите крпи. Еднаш неделно менувајте ја постелнината од спалната соба и мијте ги извалканите предмети. Особено внимавајте на трошките бидејќи тие привлекуваат мувла и бактерии.

Дезинфицирајте ги предметите кои често ги користат сите членови од семејството. Телефонот е еден од нив. Исчистете ги со средство за дезинфекција. Доколку некој од семејството е болен, правете ја дезинфекцијата почесто.

Често чистете ја тастатурата, особено ако на вашето работно место ја делите со некој колега кој работи во друга смена.

Многу често од брзање забораваме да ги соблечеме чевлите, или гостите ги оставаме да газат со валкани чевли по килимот и подот.  

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!