Да отпатувате некаде за време на празниците е голема радост за секој член од семејството. Но, за многумина од нас да се стигне на одредена локација е голем стрес. Пакување, подготовка на автомобилот за на пат, патни исправи, метеж во сообраќај, преполни аеродроми, зимски услови за патување.
Резервирајте го вашето патување навреме, колку порано толку подобро. Избегнувајте да тргнете на пат во најфреквентните датуми, за Божиќ, Нова година. Пред да тргнете симнете си ја омилената музика или филм и ставете ги во вашиот компјутер или телефон. Подгответе забава и за вашите најмили – нивниот омилен цртан филм. Така ќе можете мирно и спокојно да патувате, а тие да уживаат во патот. Излезете еден час пред летот бидејќи така ќе стигнете на време на посакуваната локација, а ќе имате време и да јадете нешто пред патот. Никогаш не се знае колку метеж ќе има на автопат или колку време ќе ви е потребно да го заверите билетот. Бидете подготвени дека може да се случи и да ви го одложат летот. Никогаш ништо не се знае. Или, пак, можеби ќе ве пренасочат. Секогаш имајте план Б и втора опција. Носете екстра ужинка, филм, екстра облека. Празниот стомак ќе ве направи нервозни. Затоа при рака имајте суво овошје, сок или мастики.
Голем стрес е исто така да се биде болен, а далеку од дома. Патот може да ви го ослабе имунитетот и да ве раздразни. Зимските патувања го зголемуваат и ризикот од настинки и грип, затоа со себе имајте антибиотици, витамини и минерали. Носете и топла облека.
Земете длабок здив и додадете насмевка на вашето лице. Можеби малку ќе задоцните, но, сепак, пред вас се денови за одмор. Опуштете се и уживајте во зимската идила!