Како да го препознаете карциномот на кожа?

Прв знак за меланом е промена во големината, бојата или обликот на постоечка бенка. Меланомот може да се јави и како нова „дамка“ која обично изгледа невообичаено, црна е и со грд изглед. Запомнете: вообичаените бенки обично ги имаме од раѓање или се јавуваат до 40. година, а потоа бледнеат!

Прв знак за меланом е промена во големината, бојата или обликот на постоечка бенка. Меланомот може да се јави и како нова „дамка“ која обично изгледа невообичаено, црна е и со грд изглед. Запомнете: вообичаените бенки обично ги имаме од раѓање или се јавуваат до 40. година, а потоа бледнеат!

ШТО Е МЕЛАНОМ ?

Меланомот е карцином на кожа кој потекнува од клетките во кожата наречени меланоцити. Тоа се всушност клетките кои на вашата кожа ѝ го даваат тенот. Додека се сончате, меланоцитите произведуваат црн пигмент – меланин, кој има основна улога да ја заштити кожата од ултравиолетовите зраци, а од друга страна вам ви го овозможува оној прекрасен бакарен тен. За жал, сé уште не се познати точните причини за појава на меланомот.
Познато е дека одредени луѓе имаат поголем ризик за развој на меланом. Тоа се луѓе кои имаат неправилни по боја и по големина бемки или имаат повеќе од 50 вообичаени бемки на кожата. Исто така, со поголем ризик од развој на меланом се и луѓето кои имаат светол тен, лесно поцрвенуваат на сонце и им се појавуваат дамки, оние кои имаат светла или црвена коса и сини очи.
Зголемена будност е потребна кај оние кои имаат барем двајца блиски роднини со меланом или имаат друг тип на рак на кожата. Зголемен ризик од меланом имаат и оние кои имале сончеви изгореници со пликови во детството или тинејџерска возраст. Токму од овие причини клучна е улогата на родителите во заштита на децата од сонце. Ризична група се и земјоделците и градежните работници, односно оние кои долготрајно се изложени на сонце.

ДАЛИ БЕНКАТА Е ВООБИЧАЕНА ИЛИ СЕ РАЗВИВА МЕЛАНОМ?

Прв знак за меланом е промена во големината, бојата или обликот на постоечка бенка. Меланомот може да се јави и како нова „дамка“ , која обично изгледа невообичаено, црна е и со грд изглед.
Запомнете: вообичаените бенки обично ги имаме од раѓање или се јавуваат до 40. година, а потоа бледнеат.
За да запомните на што треба да внимавате потсетете се на првите 4 букви од абецедата “АБЦД” :

*Асѕмметрѕ (асиметрија) – едната половина на бемката е различна од другата.
*Бордер (раб) – рабовите на бемката се разјадени, назабени, заматени или неправилни, а пигментот се шири и кон околната кожа.
*амп;Цолор (боја) – Бојата е нееднаква. Може да се видат нијанси на црна, кафена и розова боја.
*Диаметер (дијаметар) – промена во големината на постоечката бемка. Меланомите се обично поголеми од гумичката на моливот (гт;5 мм).

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ОВАА ПОДМОЛНА БОЛЕСТ?

Еве неколку препораки како да се заштитиме од оваа подмолна болест:

Запомнете го златното правило: Секогаш кога вашата сенка е покуса од вас, заштитете се од сонцето.
Избегнувајте изложување на сонце меѓу 10-16 часот доколку обврските ви го дозволуваат тоа.
Доколку мора да сте надвор, носете долги ракави и долги панталони, како и шапка со широк обод.
Посебно внимавајте кога сте покрај вода или на планина. Заштитете се од ултравиолетовите (УВ) зраци кои се рефлекираат од песокта, водата и снегот.
Заштитете ја кожата со нанесување на лосиони, креми или гелови кои содржат УВ филтри. Најдобри за превенција на меланом се оние УВ филтри кои ги одбиваат и ги апсорбираат двата типа ултравиолетови зраци (А и Б). Средствата за заштита од сонце се рангираат според т.н. фактор за заштита од сонце. Средствата со заштитен фактор со вредност 2 – 11 пружаат минимална заштита, оние со фактор 12 – 29 овозможуваат средна заштита, а оние со фактор 30 или повеќе пружаат најдобра заштита од изгореници од сонце.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!