21-годишната пациентка Вероника Георгиевски вели дека од ноември 2024 година комплетно ѝ се променил животот oткако решила да направи естетски хируршки зафат на носот.
Од естетска трансформација до олеснето дишење поради девијацијата на носот. Таа сега дише со полни гради и чекори со високоисправена глава.
„Сакам да изразам огромна благодарност до д-р Мирјана Нацка и целиот тим од Одделот за естетска, пластична и реконструктивна хирургија од Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ што стоеше зад мојата операција. По интервенцијата, мојот живот целосно се промени на подобро – конечно дишам слободно, имам самодоверба и се чувствувам исполнето. Покрај естетската корекција на мојот нос, беше успешно решен и здравствениот проблем со девијацијата на носниот септум. Операцијата – ендоскопска септопластика и ринопластика – помина без компликации, а постоперативниот период беше многу полесен отколку што очекував, благодарение на грижата и професионалноста на медицинскиот тим“, вели Вероника.
ОД ЕСТЕТИКА ДО ЗДРАВЈЕ
Младата пациентка вели дека д-р Нацка не само што ѝ помогнала да го подобри својот надворешен изглед, туку и ѝ го подобрила квалитетот на живот. Нормално и рамномерно дише, без да има какви било препреки на проток на воздухот. Вероника долго време била исплашена и се двоумела дали да се реши за операција, стравот најчесто бил поголем од желбата за убавина. Имала и проблеми со самодовербата и избегнувала да се слика, но по препорака на свои блиски, почнала да ја следи работата на д-р Нацка, се уверила во стручноста и квалитетот на работа, па без двоумење дошла на консултација и веднаш по првиот преглед се решила за интервенција.
„Секој поглед во огледалото беше потсетник за мојата несовршеност, па често знаев да избегнувам да се фотографирам. Сега, по операцијата, гордо чекорам низ секој нов ден, исполнета со самодоверба и благодарност. Немам проблем да се сликам, да излегувам и да шeтам. Д-р Мими би ја препорачала на секој што размислува за ваков зафат – не само како лекар, туку и како човек со исклучителен пристап и емпатија. Нејзините зборови влеваат сигурност и доверба“, вели младата пациентка Вероника.
ШТО Е ПИЕЗО-РИНОПЛАСТИКА?
Пиезо-методата е нов и популарен тренд во пластичната хирургија, револуционерен пристап кој ја менува перцепцијата на хирурзите за ринопластика. Д-р Мирјана Нацка, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, вели дека традиционалната ринопластика типично вклучува отстранување или менување на потпорните структури на носот за да се постигне посакуваната форма. За разлика од неа, пиезо-методата овозможува зачувување на природната архитектура на носот со прецизни модификации за подобрување на неговиот изглед.
„Оваа филозофија на ’помалку е повеќе’ стекна значително внимание меѓу водечките пластични хирурзи на лице ширум светот. Со зачувување на природните потпорни системи на носот (носна пирамида), можеме да постигнеме долготрајни резултати, а воедно да ги задржиме уникатните карактеристики на лицето на секој пациент. Главна улога при оваа техника е пиезоелектричната технологија или накратко пиезо-техника“, вели д-р Нацка.
Пиезо-уредот користи ултразвучни вибрации за прецизно сечење на коската, без оштетување на околното меко ткиво, крвни садови или нерви. Ова ја минимизира можноста за компликации како модринки и оток. Поради тоа се постигнува поголема прецизност при моделирање на носот.
„Ринопластика, или операција на носот, е една од најпопуларните естетски процедури во нашата болница. Додека повеќето луѓе се запознаени со традиционалната ринопластика, поновата хируршка операција на носот се здоби со популарност во последниве години – конзервативна ринопластика. Конзервативната, презервациска ринопластика вклучува низа техники дизајнирани за одржување на природната анатомија на носот. Постапката обично започнува со темелна евалуација на носната анатомија на пациентот за да се идентификуваат областите што бараат модификација. Потоа се работи на преобликување на постојните назални структури додека се избегнува непотребно отстранување или менување. Овој пристап осигурува дека носот ги задржува својот природен карактер и функција, што резултира со похармоничен и избалансиран изглед“, вели д-р Нацка.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ПРОЦЕДУРА?
Пиезо-ринопластиката е идеална за пациенти што бараат природен изглед на носот, прецизна корекција на коскената структура, помалку инвазивна процедура со побрзо закрепнување. Она што ја прави оваа техника револуционерна е можноста да се преобликува носот без да се уништат неговите природни потпорни механизми.
6 ПРЕДНОСТИ НА ПИЕЗОРИНОПЛАСТИКАТА
1. Зачувување на носната грпка
2. Зачувување на коските и ’рскавицата
3. Преобликување на постојните назални структури
4. Минимизирање на нарушувањето на ткивото
5. Побрзо закрепнување
6. Подобар естетски резултат


