Како пушењето влијае на вашето здравје?

Најчесто од навика, но и кога се под стрес луѓето пушат со надеж дека цигарата ќе ги смири или опушти. Со текот на времето кај луѓето се создава навика од никотин и едноставно не можат без цигари. И најсилните карактери попуштаат пред ова мало задоволство поради кое страда најбитната работа во животот – нашето здравје! Пушењето во моментов  е водечка смртна закана која покрива дури 25 проценти од вкупниот број на смртни случаи. Оваа лоша навика влијае фатално врз секој орган од човековото тело и предизвикува многу болести. Дознајте ги штетни последици ги предизвикува пушењето, но и придобивките кои ќе ги почувствувате доколку се откажете од оваа лоша навика.

Да се биде пушач или не?

Статистиката покажува дека во светот умираат повеќе луѓе од пушење отколку што  изнесува вкупниот број на починати од ХИВ, користење дрога, алкохолизам, сообраќајни незгоди и незгоди предизвикани од пожари. Пушењето е главна причина за појава на канцер на бели дробови кај 90% од заболените. Верувале или не, повеќе жени во светот умираат од ова заболување отколку од канцер на дојка. Исто така, пушењето цигари е главен причинител на појавата на ХОББ (хронично опструктивна белодробна болест). Го зголемува ризикот од срцеви заболувања, срцев удар, мозочен удар, висок крвен притисок, ги оштетува крвните садови, предизвикува канцер на мочен меур, матка, дебело црево, хранопровод, бубрези, уретер, грло, црн дроб, голтник, панкреас, желудник, како и многу други заболувања. Тутунот го ослабува имунолошкиот систем и го оштетува речиси секој орган во телото. Бремените жени кои пушат многу почесто раѓаат недоносени деца и деца со вродени мани. Кај мажите пушачи честа е појавата на импотенција.

Пушењето го зголемува ризикот од срцеви заболувања

Лицата постари од 60 години кои пушат двојно го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, додека помладите од 50 години кои пушат имаат 5 пати поголем ризик за смртен резултат во наредните 10 години. Затоа една од главните превентивни мерки е веднаш да ги оставите цигарите. Ризикот се зголемува со бројот на испушени цигари и должината на времето кога еден човек пуши, но болеста може да се појави и кај луѓето кои пушат помалку од 5 цигари на ден.

Престанете со пушењето!

Никогаш не е доцна! Веднаш по прекинот почнува да се намалува ризикот од наброените заболувања. Секој од пушачите се надева дека статистиката за погубниот ефект на пушењето нема да се однесува на него. Според најпрецизните статистичари – Американците, околу пола од пушачите ќе умрат како директна последица на болести и проблеми врзани со пушењето. Значи помеѓу партнерите пушачи едниот речиси сигурно ќе биде жртва на пушењето.  Чадот од цигарите е штетен не само за вас туку и за луѓето кои се во вашата близина. Без разлика дали сте млади или стари, здрави или болни, пасивното пушење влијае врз сите. Децата кои живеат со пушачи се поподложни на настинки и инфекции. Кога ќе се вратат свежината, здивот, чувството на мирис и вкус нема да чувствувате замор и при најмал напор, кожата ќе си ја поврати бојата на свежината и нема да барате место за пушачи. И  очекувајте поквалитетен и подолг живот. Одвикнувањето од пушењето е една од најважните одлуки кои еден пушач треба да ги направи во животот. Оваа одлука ќе го подобри квалитетот, но и должината на вашиот живот. Веднаш штом ќе престанете со пушење вашето тело почнува да ги поправа штетите кои биле предизвикани од пушењето. Докторите советуваат дека колку порано ја донесете оваа одлука во животот толку подобро ќе биде за вашето здравје.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!