Стресот е секојдневие, нешто кое не можеме да го одбегнеме во модерниот и брз начин на живот. Повремениот стрес е составен дел од нашите животи, но постојаната изложеност на стрес може да остави сериозни последици по организмот. Во продолжение прочитајте какви реакции може да предизвика на организмот…
Поголем ризик од срцев и мозочен удар
Срцевиот и мозочниот удар во 30% од случаите се јавуваат непосредно по стресни ситуации. Интензивните емоции и трауми го забрзуваат пулсот и го зголемуваат крвниот притисок, поради што сте уште поагресивни, па и стапката на преживување е помала. Доколку по ударот не се намали нивото на стрес, голема е веројатноста истиот да се повтори во рок од две години.
Може да активира депресија
Стресот има клучна улога во појавата на депресија. Под влијание на стрес, луѓето ја губат волјата за извршување на секојдневните обврски и имаат помало ниво на таканаречениот хормон за среќа (серотонин). Исто така, се губи мотивацијата за уживање во храната, сексот или дружењето. Иако стресот не е единствениот активатор на депресија, сепак, истражувањата покажуваат дека депресијата најчесто се јавува по стресни ситуации.
Го забрзува процесот на стареење
Оне кои се секојдневно депресивни и нервозни поради разни стресни ситуации на работа или дома, имаат знаци на претерано оштетени клетки. Покрај тоа, научниците тврдат дека децата кои во детството доживеале голем стрес или траума имаат пократки теломери, заштитните краеви на хромозомите кои ја штитат ДНК од оштетување, показател на стареењето на организмот.
Го зголемува ризикот од канцер
Луѓето кои не знаат да „се носат“ со стресот и негативните емоции ги задржуваат во себе се посклони на појава на разни облици на карциноми. Тоа посебно се изразува кај мажите, кои потешко разговараат со блиските околу своите проблеми отколку жените. Освен зголемениот ризик за појава на тумори, стресот ја намалува веројатноста за излекување за време на хемотерапија и зрачење.
Стресот го намалува обемот на мозокот
Дури и кај луѓето кои имаат одлично здравје, стресот игра голема улога. Знаеме дека стресот ги оштетува клетките во мозокот. Научниците откриваат дека луѓето кои се постојано изложени на стрес во просек имаат мозок со помал обем од другите. Тоа може да претставува индикатор за психички проблеми и проблеми со паметењето во постарите години од животот.
Хронични болести
Истражувањата покажуваат дека не е толку важно колку го чувствуваме стресот, важно е како на истиот реагираме, а тоа ќе одреди какви последици ќе ни остави на организмот. Тие откриле дека луѓето кои лошо функционираат имаат поголемо ниво на хормонот на стрес – кортизол во крвта. Тоа придонесува да се појават хроничните болести од типот на дијабетес, зголемен крвен притисок, артритис и други заболувања.
Ги менува гените
Влијанието на стресот на гените на човекот се пренесува од генерација во генерација, па стресот кој ние го чувствуваме ги одредува гените кои ќе ги наследат нашите деца. Децата чии родители се анкциозни, депресивни и агресивни, дури и да израснат во мирна и сигурна родителска атмосфера, стануваат склони на стрес и слични психички потешкотии.