Календар на вакцини

Со вакцинација детето се заштитува од повеќе опасни детски заболувања. Вакцинацијата го зајакнува имунитетот на детето. Детето кое редовно ќе ги прими сите вакцини ќе стане отпорно на најтешките детски заразни болести. Само со редовна и целосна вакцинација се обезбедува сигурна заштита.

Со вакцинација детето се заштитува од повеќе опасни детски заболувања. Вакцинацијата го зајакнува имунитетот на детето. Детето кое редовно ќе ги прими сите вакцини ќе стане отпорно на најтешките детски заразни болести. Само со редовна и целосна вакцинација се обезбедува сигурна заштита.

• Вакцинирањето во Македонија е задолжително

• Вакцинацијата е бесплатна

• Вакцинирањето и ревакцинирањето се врши согласно календарот за вакцинација

• Вакцините се квалитетни, проверени и безбедни

• Право на секое дете е да биде вакцинирано

• Должност на секој родител е редовно да го носи своето дете на вакцинација

• Обврска на здравствените лица е редовно да ја извршуваат вакцинацијата кај децата

• Обврска е пред секое вакцинирање детето да го прегледа педијатар

Во текот на ПРВАТА година детето треба да ги прими следните вакцини:

БСЖ вакцината против туберкулоза. Се дава веднаш по раѓање на детето, со инјекција

ХЕПАТИТ Б вакцината (против жолтица тип Б) исто така се дава веднаш по раѓање и се повторува во вториот и шестиот месец. Се дава со инјекција

Вакцина против заболувања предизвикани од бактеријата

ХЕМОФИЛУС ИНФЛУЕ НЦЕ тип Б (Хиб) се дава со полни два месеци до навршени 6 месеци, во 3 дози, на растојание од 1 до 3 месеци

ПОЛИО вакцината против детска парализа. Се даваат 2 капки со лажиче. За да се заштити детето потребно е трипати да се вакцинира на растојание од 42 дена

ДТП е комбинирана вакцина која го штити детето од дифтерија, голема кашлица и тетанус. Се дава со инјекција. За да се заштити детето потребно е трипати да се вакцинира на растојание од 30 дена

МРП е комбинирана вакцина против мала сипаница, заушки и рубеола. Се дава со инјекција веднаш по првиот роденден.

Ако поради која било причина детето не било вакцинирано во првата година, во договор со лекарот вакцинацијата треба да се спроведе дополнително. Ако детето ги примило сите вакцини во првата година, потребно е по одреден период  да прими дополнителни дози на вакцина, а тоа е ревакцинацинирање.

Очекувано е по вакцинацијата кај некои деца да се јават реакции кои брзо поминуваат: болка, црвенило, оток, покачена температура, намален апетит, плачливост. Овие реакции се незначителни во споредба со последиците од болеста која се јавува кај деца кои не се вакцинирани.

Десет пораки за успешна вакцинација

Вакцинацијата е една од најефикасните и најисплатливи здравствени интервенции

1. Создава отпорност на организмот кон заболувањата

2. Го спречува ризикот од заболување

3. Ја спречува смртноста од заболувањето

4. Спречува инвалидитет и други последици

5. Придонесува до зголемување на колективниот имунитет

6. Спречува појава на епидемии од заразни болести

7. Ги намалува трошоците за лекување

8. Ги намалува трошоците за боледување

9. Поголема ефикасност на родителите на работни места

10. Обезбедува здраво поколение

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!