Кога ви е потребна физикална терапија?

Сè почесто слушаме дека голем број од популацијата има одредени потешкотии со `рбетниот столб. Независно дали се работи за деца кај кои се јавуваат деформации на `рбетот или возрасни кај кои доминира симптомот на болка, целта на физикалната терапија е да ја коригира деформацијата и држењето на телото и да ја ослободи болката. После повреда или хируршка интервенција неопходна е рехабилитација со која се враќа функцијата и се олеснува нормалното функционирање.  

Сè почесто слушаме дека голем број од популацијата има одредени потешкотии со `рбетниот столб. Независно дали се работи за деца кај кои се јавуваат деформации на `рбетот или возрасни кај кои доминира симптомот на болка, целта на физикалната терапија е да ја коригира деформацијата и држењето на телото и да ја ослободи болката. После повреда или хируршка интервенција неопходна е рехабилитација со која се враќа функцијата и се олеснува нормалното функционирање.  

Деформации на `рбетниот столб кај деца

Коскено-мускулниот систем кај децата во текот на нивниот развој под влијание на внатрешните и надворешните фактори е подложен на различни деформации. Лошото држење на телото, претешките училишни торби, несоодветното и долго седење на училиште и дома, недоволната физичка активност, наглиот раст во пубертетот доведуваат до нарушување на статиката на ’рбетниот столб, што резултира со појава на сколиози и кифози.

• Сколиозата е странично искривување на ’рбетниот столб, кој создава кривина во облик на буквата С или S. Детето се жали на болка во торакалниот и лумбалниот дел од грбот при подолго стоење.

• Кифозата или подгрбавеноста е зголемување на кривината во градниот дел од ’рбетниот столб. Посебно е воочлива при седење и ја следи завиеноста на обете рамења нанапред.

Третман

Прво се врши анализа на ставот на телото, изразеноста на гибусот во торакалниот предел (за кифозите), асиметрија на телото, едно рамо пониско поставено, поиспакната плешка, зарамнет ´рбетен лак, несиметричен агол на половината. Точната дијагноза се поставува со рендген снимка на ´рбетниот столб. Зависно од степенот се користат корективни вежби кои можат да се комбинираат со носење еластични појаси, или во потешките случаи пластични корсети. Целосна или делумна корекција на деформитетот може да се изврши до завршување на периодот на раст на детето. Со посебно подготвени тераписки вежби се воспоставува рамнотежата помеѓу коскено-зглобниот и мускулниот систем. За да се спречи понатамошна прогресија потребен е ангажман од медицински лица (физијатри и физиотерапевти) со примена на кинезитерапевтски програми.

Масажа

Наглите температурни разлики, го доведуваат телото во постојан грч, а кога мускулатурата е стегната циркулацијата е отежната. Заради тоа потребно е опуштање на мускулите со помош на масажа. Многу често луѓето бараат помош во медицинската масажа поради одредени здравствени проблеми како што е затегнатоста и крутоста во мускулите, згрчување, вкочанетост, болка и кога не можете да направите одредено движење, кое претходно сте го правеле без никаков проблем. Медицинската, релаксациската и спортската масажа се наменети за луѓето кои имаат здравствени проблеми, сакаат да се опуштат или да го намалат нивото на стрес. Секогаш одберете лиценцирани физиотерапевти, само така ќе ги избегнете несаканите ефекти од масажата, како на пример повредите.

Физикална рехабилитација по повреда или интервенција

Раната физикална рехабилитација е клучна за лекувањето на повредите кај голем дел од пациентите, но и кај спортистите. Лечењето на повредата започнува веднаш по поставувањето на дијагнозата. За да се постигне целосно опоравување неопходно е да се започне со физикална рехабилитација уште во акутна фаза на состојбата. Со тоа потполно ќе се елиминираат трајните последици и ќе се намали времето потребно за имобилизација. Рехабилитација е потребна по спортски повреди, по оперативен третман, за време на лекување на ревматолошки заболувања, постоперативна кардиорехабилитацијa.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!