Мажите и жените се разликуваат и во срцето

Женското срце од секогаш се сметало за почувствително и поранливо за разлика од машкото срце. И всушност тоа е точно. Женското срце е помало, почувствително на промени и потешко го издржува инфарктот за разлика од машкото срце. И покрај тоа што се смета дека срцевите болести се однесуваат на мажите, половина од жените над 40 години во светот умираат како резултат на кардиоваскуларно нарушување.

Полесно за 60 грама

Женското срце е помало од машкото. Ако просечната тежина на срцето кај жените е 118 грама, на машкото срце додадете му уште 60 грама повеќе.

Потенки и почувствителни вени

Жените имаат потенки вени. Просечно земено, вените на жените се за 1 мм потенки од мажите.

Почести прескокнувања на срцето (палпитации)

Структурата на залистоците кај жените е послаба за разлика од мажите. Нарушувањата на залистоците и проблемите со палпитации се почести кај жените.

Прикриени и различни симптоми

Срцевите болести кај жените се потешки за дијагностицирање бидејќи не даваат јасни симптоми. Честопати ЕКГ тестот  дава нормални резултати. Ако за мажите е карактеристична градната болка, жените најчесто имаат недостиг на воздух, слабост, замор и надуеност. Затоа, дијагностицирањето на срцеви болести кај жените е вистински предизвик. За поставување дијагноза на женското срце потребно е да се направат детални испитувања.

Помалку издржливо при срцев удар

Женското срце потешко може да заздрави по срцевиот удар. За разлика од мажите, жените имаат поголем ризик за смрт по срцев удар.

Побрзо чука

Женското срце работи побрзо. Ако просечниот број на срцеви отчукувања кај мажите се движи од 70-72 кај жените се движи од 78-82.

Почувствително на несакани дејства на лекови

Женското срце е посебно чувствително на несаканите ефекти од пиењето лекарства. Можноста за појава на нарушувања на срцевиот ритам е многу поголема кај жените отколку кај мажите.

Вените се поотпорни од развој на болест

Иако се почувствителни и потенки, вените на жените се поотпорни на кардиоваскуларни болести. Споредено со мажите, постои 10 години разлика во развојот на болестите на срцето на жените. Ваквата разлика не постои по менопаузата. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!