Morpheus 8 е револуционерна технологија во естетската медицина, која комбинира микроигли и радиофреквентна енергија, со цел затегнување, подмладување и ремоделирање на кожата. Третманот е ефикасен кај намалување на брчки, третман на целулит и масни наслаги, лузни од акни и стрии, како и за подобрување на текстурата и тонусот, а и за затегнување на опуштена кожа на лицето и телото. Резултатите се забележливи уште по првиот третман.
Проф. д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија, објаснува дека микроигличките создаваат микроскопски канали низ кои радиофреквентната енергија продира до подлабоките слоеви на кожата, стимулирајќи продукција на колаген и еластин.
„Успехот на Morpheus 8 лежи во синергијата на микроиглите и радиофреквенцијата. Микроиглите пенетрираат на прецизно контролирана длабочина, овозможувајќи енергијата да допре до поткожното ткиво. Овој процес не само што ја затегнува површината на кожата, туку овозможува и длабинско ремоделирање, што резултира со долготрајни и природни резултати“, вели д-р Петров.
Третманите со Morpheus 8 се соодветни за сите типови кожа и можат да се приспособат според индивидуалните потреби на секој пациент. Оваа технологија е особено популарна кај лица што бараат суптилни, но видливи подобрувања – без долги периоди на закрепнување и без ризици поврзани со хируршки интервенции.
Д-р Петров вели дека процедурата со Morpheus 8 се одвива во неколку прецизно дефинирани фази, со цел да се постигне максимална ефикасност и минимална непријатност за пациентот.
„Најпрво, кожата се подготвува со темелно чистење, а потоа се нанесува локална анестезија за обезбедување на комфор на пациентот за време на третманот. По завршување, може да се појави лесно црвенило и оток, кои вообичаено исчезнуваат во рок од 24 до 48 часа“, објаснува д-р Петров.
Првите резултати се забележуваат уште по првиот третман, но за оптимален ефект се препорачува спроведување на серија од неколку третмани, според индивидуалниот план и потребите на кожата.
„Првите резултати најчесто се видливи по 2-3 недели, кога започнува формирањето нов колаген, а целосните резултати стануваат видливи по 3 до 6 месеци, бидејќи процесот на ремоделирање на кожата продолжува во тој период. Повеќето пациенти постигнуваат најдобри резултати со 3-4 третмани, кои обично се прават во интервали од 4 до 6 недели. Бројот на потребни третмани може да варира во зависност од специфичните потреби и состојбата на кожата на пациентот“, вели д-р Петров.
Резултатите од третманот со Morpheus 8 се долготрајни, но поради природниот процес на стареење на кожата, се препорачува повторување на третманот еднаш годишно за одржување на оптимални резултати.