Масната храна води до појава на карцином на простата

Истражувањата потврдиле дека исхраната во која има зголемено количество маснотии може да придонесе за појава на карцином на простата, бенигна хиперплазија и простатитис. Освен битните ризични фактори кои ги препишуваме на животниот стил – пушењето, алкохолот и намалената телесна активност, голема улога во развојот на малигните заболувања има и исхраната.

Истражувањата потврдиле дека исхраната во која има зголемено количество маснотии може да придонесе за појава на карцином на простата, бенигна хиперплазија и простатитис. Освен битните ризични фактори кои ги препишуваме на животниот стил – пушењето, алкохолот и намалената телесна активност, голема улога во развојот на малигните заболувања има и исхраната.

Американските научници откриле дека мастите произведуваат комплексен протеин што е наречен нуклеарен фактор „kappa B“ што ја контролира ДНК транскрипцијата. Тој се активира како одговор на воспалението предизвикано од консумирање масна храна. За да ја потврдат својата теорија, експертите, една група на лабораториски глувци ги хранеле со прехранбени продукти кои содржеле масти, а другата група јадела производи што не содржат масти. Го измериле количеството на маркерите кои содржеле прехранбени производи со оксидативен стрес во клетките на простата и така добиле доказ дека масната исхрана започнала верижна реакција што го активира нуклеарниот фактор „kappa B“. Резултатот бил зголемена тежина на простата, пролиферација на клетките што води до бенигна хиперплазија и воспаление.

Истражувањата покажале дека исхраната што е својствена за современиот начин на живеење не придонесува за здравјето на мажот. Неодамна, едно американско истражување покажало дека мажите со ниско ниво на холестерол имаат помали шанси да развијат напреден стадиум на карцином на простатата.

Високото ниво на штетен холестерол може да се намали со темелна промена на исхраната. Консумирањето јаткасто овошје – бадеми, кои се богати со монозаситени масни киселини, е многу добро во борбата против лошиот холестерол. Рибата е извор на омега 3 масни киселини и е многу корисна за нашиот организам. Оптималната консумација е 1,5 до три грама омега 3 масни киселени дневно, а 110 грама лосос ги содржи истите количества.  За комплетно уживање во рибата може да консумирате и чаша црвено вино кое го штити срцето и го намалува холестеролот.

Ако не сте љубители на риба, а, сепак, морате да го намалите холестеролот, пробајте тоа да го сторите со додатоците на исхраната што содржат рибино масло.

Карцином на простата

Карциномот на простата се развива во жлездата наречена простата. Таа е со големина на костен и се наоѓа точно под мочниот меур. Оваа жлезда произведува дел од течностите во спермата. По канцерот на кожа , овој тип канцер е најчест меѓу машката популација. Тој се развива бавно, без да направи притоа сериозни нарушувања. Но, постојат и типови на карцином на простата кои се шират многу брзо и се многу агресивни. 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!