На лизгавите подлоги движете се како пингвин

Снегот претставува пријатно зимско задоволство. Но, тоа не е случај ако го има на тротоарите и улиците. Спречете ги падовите со одредени тактики на одење и неопходната зимска опрема, а ако веќе се случи да паднете, научете како треба да паднете за да спречите посериозни повреди или скршеници.

Снегот претставува пријатно зимско задоволство. Но, тоа не е случај ако го има на тротоарите и улиците. Спречете ги падовите со одредени тактики на одење и неопходната зимска опрема, а ако веќе се случи да паднете, научете како треба да паднете за да спречите посериозни повреди или скршеници.

Одете како пингвин

Што се однесува до најдобрите методи на одење, треба да погледнете околу себе и да видите како животинскиот свет се прилагодил на одредени услови. Погледнете ги пингвините. На снег и лед тие одат со мали чекори, а телесната тежина ја распоредуваат по целата површина на стапалата. На свеж снег обидете се да одите по туѓите траги. Така ќе трошите помалку енергија. На подлабок снег секогаш одете така што се спуштате прво на петица, па потоа на прсти.Така ќе спречите ногата да ви отиде нанапред.

Видете за каков снег се работи

Многумина лекари забележале дека поголем број повредени пациенти има во деновите откако снегот ќе падне отколку на самиот ден кога паѓа снег. Проблеми настануваат кога снегот ќе почне да се топи , а водата ќе се заледи преку ноќта. Ако на тоа падне нов снег, луѓето одат сигурни во себе, а не се свесни дека одат  по лед.

Одберете вистински чевли

Во зима не треба да се носат и купуваат чевли со лизгави ѓонови. Освен тоа, треба да се има на ум дека спортските чевли кои не се лизгаат на сув асфалт не се стабилни и на снег и на лед. Освен добар ѓон, треба да се внимава чевлите да го чуваат зглобот стабилен. Во спротивно многу лесно може да  се измести.

Како да спречите повреда при паѓање

Прво имајте на ум колку години имате и кревкоста на вашето тело. Најважно е да избегнете директен пад на колковите. Падот  на колк треба да се спречи со што ќе се заштитите со раце при падот. Иако опасноста од ова е да ја скршите или изместите раката, сепак, овие повреди се далеку полесни од скршеница на колк. Затоа, од голема важност е кога се движите на снегот, рацете да ви бидат секогаш слободни. 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!