Најдобар начин да го победите меланомот е да ги знаете симптомите

Како и кај сите карциноми, и кај меланомот, раното откривање ги зголемува шансите  за добра прогноза и третман. Во најголем дел од случаите, карциномот на кожа се лекува доколку навреме се дијагностицира. Затоа, најдобро решение е да правите редовен преглед на вашето тело. Погледајте ги сите бенки на вашето тело и забележите доколку има било каква промена.

Како и кај сите карциноми, и кај меланомот, раното откривање ги зголемува шансите  за добра прогноза и третман. Во најголем дел од случаите, карциномот на кожа се лекува доколку навреме се дијагностицира. Затоа, најдобро решение е да правите редовен преглед на вашето тело. Погледајте ги сите бенки на вашето тело и забележите доколку има било каква промена.

Меланомот е најсериозен тип карцином на кожа. Најчесто започнува од  клетките кои го произведуваат меланинот – пигментот кој ја дава бојата на вашата кожа. Меѓутоа, меланомот може да се јави и во вашите очи, а ретко  може да се развие и во внатрешните органи.

Ризик фактори за појава на меланом

Ова се низа фактори кои го зголемуваат ризикот од појава на меланом :

– Изложување на УВ зраци
– Многу бенки
– Светла кожа, плави или зелени очи, плава коса
– Семејна историја на канцерот
– Доколку претходно сте имале меланом
– Слаб имунолошки систем
– Напредна возраст

Запознајте ја кожата

Најголемиот дел од меланомите се кафени или црни, но може да имаат и боја на кожата, розови, црвени или виолетови. Кај мажите најчесто се јавува на телото, а кај жените најчесто се јавува на рацете и нозете.

Докторите препорачуваат редовен самопреглед на кожата секој месец , посебно доколку имате забележано одредена промена. Доколку сте во ризичната група на луѓе со зголемен ризик за развој на меланом, разговарајте со дерматолог.

Кремите за заштита од сончевите зраци го намалуваат ризикот од појава на меланом. Важно е да баучите како правилно се користат, особено прочитајте за колку време им поминува дејството и потребно е да ја нанесете повторно.

Кога карциномот ќе се прошири

Метастатскиот меланом (карцином во друг дел од телото кој потекнува од карциномот на кожа) може да се стави под контрола со помош на новите терапевтски достигнувања. Со помош на современата терапија, пациентите кои навреме ги откриле симптомите постигнуваат контрола на болеста, симптомите и го зајакнуваат имунолошкиот систем за да не се појават нови клетки на карциномот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!