Најголемите митови за остеопорозата

Мит 1: Само жените ги засега остеопорозата

Точно е дека остеопорозата е повеќе присутна кај женскиот пол. Се смета дека 80% од пациентите со остеопороза се жени. Но со текот на времето расте бројот на мажи кај кои е регистрирана остеопенија (намалена коскена густина) која доколку не се третира може да премине во остеопороза. Всушност мажите имаат поголем ризик за појава на скршеница предизвика од остеопороза отколку да развијат карцином на простата. Кај возрасните лица, кај 90% од случаите на скршеници на `рбетот се регистрирани кај жените, а една третина од мажите имаат фрактури на колк.

Мит 2: Ако примате терапија за остеопороза не треба да внимавате на внесот на калциум и витамин Д

Земањето на лекарства кои ве штитат од појава на остеопороза не значи дека ви го обезбедуваат потребниот внес на калциум и витамин Д. Лекарствата може да го превенираат губењето на коскеното ткиво, но тие не содржат калциум и фосфор кои се потребни за цврстината и густината на коските. Како дополнување на терапијата од корист за вас е да јадете храна богата со калциум. Консултирајте се со доктор во однос на внесувањето на суплементи на калциум и фосфор.

Мит 3: Доколку ви е дијагностицирана остеопороза доцна е да направите било што

Напротив, дијагностицирањето на остеопороза е првиот и најважен чекор. Секако дека може да ви се помогне да ги зацврстите коските и да ги превенирате можните скршеници. Во денешно време на располагање ви се голем број на лекови кои ќе го забават процесот на губење на коскеното ткиво. Примањето лекарства и водењето на здрав живот и балансирана исхрана го намалуваат ризикот од појава на скршеници до 65%.

Мит 4: Ако имате остеопенија, а не остеопороза не треба да се грижите за појава на скршеници

 Кај млади жени во менопауза остеопенијата не го зголемува ризикот за појава на скршеница. Ризикот се зголемува кај постарите жени помеѓу 60-70 години кога остеопенијата може да биде значаен ризик фактор за појава на скршеница. Затоа, доколку докторот ви каже дека имате остеопенија, сфатете го сериозно и применувајте ја терапијата која ви е препишана. Паралелно со терапијата, потребно е да земате суплементи и да се храните со намирници кои содржат калциум.

Мит 5: Доколку пиете лекови за остеопороза, а густината на коскеното ткиво не ви е подобрена значи дека не се ефективни лекарствата

Најголем дел од лекарствата не ги зацврстуваат коските туку го забавуваат процесот на губење на коскеното ткиво. Доколку резултатите на контролниот тест покажуваат дека немате подобрување во густината на коскеното ткиво не треба да мислите дека не ви одговараат лекарствата. Сè додека вредностите на густината на коскеното ткиво не се намалуваат тоа значи дека ефектот од лекарствата е добар. Последните студии покажале дека дури и кај жените кај кои се појавило намалување на коскеното ткиво по една година од терапијата, следните години дошло до подобрување на густината на коските.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!