Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има склучено договор и соработува со најголемата лиценцирана банка за сперма CRYOS од Данска, банка со над 30-годишно постоење и со најголема донорска база на сперма во светот. Оваа реномирана банка има испорака на донорски материјал во повеќе од 100 земји во светот, обезбедувајќи глобални стандарди на квалитет и безбедност.
Во врска со неодамнешните објави за дански донор кој носи генетска мутација поврзана со зголемен ризик од рак и со чија сперма се зачнати стотина деца, банката CRYOS испрати допис до Клиничката болница „Аџибадем Систина“ преку кој нѐ информираат дека немаат никаква поврзаност со овој донор, кој потекнува од друга спермална банка. Тие потенцираат дека нивниот процес на одобрување на донори е строг и вклучува детална проверка на семејната историја низ три генерации, со цел минимизирање на ризикот од наследни доминанти заболувања. Донорите со висок ризичен профил се исклучуваат во рана фаза на селекција, обезбедувајќи највисок степен за идните родители и нивните деца.
Обезбедувајќи највисоки стандарди за безбедност и квалитет, ги известуваме пациентите од Одделот за ин витро фертилизација дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди сигурни и доверливи опции во процесот на планирање на семејство, користејќи технологии и протоколи кои се во согласност со меѓународните стандарди за репродуктивна медицина. Болницата е акредитирана и од страна на Joint Commission International, најпрестижната организација за акредитирање на здравствени установи според светски стандарди за квалитет и безбедност на пациентите. Со својата трета реакредитација, болницата го спроведува континуитетот во одржување на високите стандарди во грижата на пациентите.


