Напади на чешање и чувствителен скалп

Дали имате чувствителен скалп и постојано ве чеша кожата на главата? Првутот е само една од можните причини за проблеми со кожата на главата. Многу причини може да предизвикаат чувствителен скалп од првут се до посериозни состојби како бактериска инфекција или автоимуна болест. Прочитајте пет состојби кои може да бидат виновници

Дали имате чувствителен скалп и постојано ве чеша кожата на главата? Првутот е само една од можните причини за проблеми со кожата на главата. Многу причини може да предизвикаат чувствителен скалп од првут се до посериозни состојби како бактериска инфекција или автоимуна болест. Прочитајте пет состојби кои може да бидат виновници

Првут и себороичен дерматит

Првутот и себороичен дерматит се двете најчести состојби кои предизвикуваат чувствителен скалп.

Кај себороичниот дерматит чешањето на скалпот претставува резултат на инфламаторниот одговор на вашето тело на зголемено присуство на мрсен секрет (себум), што е одлична подлога за развој на микроорганизми кои нормално живеат на скалпот и на сите други влакнести делови на телото. Симптомите се појавуваат кога микроорганизмите ќе се размножат. Доколку имате благи симптоми користете шампон збогатен со селен и цинк. Потешките форми бараат медикаментозен третман.

Псоријаза

Псоријазата е хронична автоимуна болест која не е заразна. Промените кои се јавуваат на кожата кај ова заболување може да се појават и на скалпот на главата. Медицината нема сè уште сигурни докази за причината која доведува до псоријаза, но шансите да ја имате се поголеми доколку некој во семејството веќе се лекува од оваа состојба.

Тинеа капитис (Tinea kapitis)

Тоа е габична инфекција која може да го зафати скалпот. Инфекцијата навлегува длабоко во фоликулите на влакната. Карактеристичен знак е паѓање на косата во вид на круг кој со тек на времето се зголемува. Можна е појава на црвенило или црни точки

Вошки

Иако присуството на  вошките најчесто се поврзува со децата во школска возраст, тоа може да му се случи секому. Вошките сакаат чиста кожа, па оттаму и фактот дека имањето вошки секогаш значи дека правите лоша хигиена на косата.

Алергија

Бојадисувањето на косата, егземата и атопичниот дерматитис се поретки причини за чешање на скалпот.

Кога треба да посетите дерматолог?

Посетете дерматолог доколку имате проблем со кожата на главата дури и да мислите дека главниот виновник е првутот. Чешањето на скалпот не значи дека секогаш се работи за сериозен проблем за кој треба да се загрижите, но следете ја состојбата и веднаш реагирајте доколку:

  • Не ви се смирува по употреба на шампон за таа намена
  • Чешањето се засилува во текот на ноќта
  • Ви ја намалува концентрацијата на работното место/ училиште
  • Забележите тркалезни делови на скалпот без коса.
  • Местото кое што ве чеша е болно

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!