Направете го вашето кафе поздраво – најдобрите засладувачи, млеко и зачини


Ах, колку сите уживаат додека го пијат кафето. Едно од наједноставните уживања во животот. Но, имаме неколку важни прашања за вас: дали додавате шеќер или млеко во кафето или го пиете црно?

Додавањето на млеко или засладувачи додаваат непотребни маснотии и калории кои не и се пријател на вашата телесна тежина. Доколку сакате додатоци во вашето кафе, ви нудиме 5 поздрави алтернативи:

sistina

Ах, колку сите уживаат додека го пијат кафето. Едно од наједноставните уживања во животот. Но, имаме неколку важни прашања за вас: дали додавате шеќер или млеко во кафето или го пиете црно?

Додавањето на млеко или засладувачи додаваат непотребни маснотии и калории кои не и се пријател на вашата телесна тежина. Доколку сакате додатоци во вашето кафе, ви нудиме 5 поздрави алтернативи:

1. Доколку сакате заблажено кафе

Доколку користите обичен шеќер но сакате да избегнете непотребни калории, заменете го шеќерот со мала количина на мед. Доколку преферирате вештачки засладувачи, практикувајте да ги користите поретко. Ова го препорачуваме бидејќи истражувањата покажуваат дека може да го истренираат мозокот да уживате во слатки работи.

2. Доколку сакате да го „зачините“ вашето кафе

Зачините не се само одличен начин за да додадете вкус на кафето, туку тие можат да ви обезбедат бенефиции по здравјето:

• Циметот го стабилизира шеќерот во крвта, помага во подобрувањето на ЛДЛ (лошиот) холестерол и е одличен извор на витамин К и железо.

• Морското оревче е многу добар извор на манган.

• Какао прав е добар извор на протеин и цинк, а исто така е многу добар извор на диетални влакна, железо, магнезиум, фосфор, бакар и манган. Но, какаото има висок процент на масти, па затоа користете го периодично.

3. Доколку сакате млеко во кафето

Сте се запрашале ли дали е штетно да користите полномасно млеко во вашето кафе, дури и ако се во прашање само неколку лажици? Дури и да се само две лажици, помножете ја таа бројка со 7 дена во неделата и 52 недели во годината. Тоа се празни, непотребни калории кои се множат. Поради тоа не препорачуваме полномасно млеко кое, како што сугерира и името, содржи висока концентрација на маснотии.

Доколку сакате здраво кравјо млеко, препорачуваме да користите безмасно млеко. Можете да се одлучите и за соино млеко со мала масленост или млеко од ориз, кои се добра алтернатива, и имаат послаб процент на протеини.

4. Кога сте во кафуле

Кафињата се познати по бројот на празни калории. Доколку уживате пиејќи кафе, најбезбедниот начин е да го пиете без шеќер и шлаг, по можност со безмасно млеко.

5. Доколку бирате помеѓу еспресо и црно кафе

Еспресото е само метод на подготвување, а не тип на кафе. Не постои некаков специјален тип на зрно за подготовка на ова кафе. За споредба, 450 грама кафе имаат 5 калории додека 28 грама еспресо имаат 5 калории.

Истражете ја вашата љубов кон кафето

Друг начин за вистински да го цените кафето е да дознаете повеќе за него. Од рецепти до местата од кои потекнува, па се до начините на подготовка. Дознајте за текстурата, армотата и содржината на кофеинот од различни зрна.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!