Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Проф. д-р Васко Василевски препорачува – Направете колоноскопија по 50-та година

Карциномот на дебелото црево е трета водечка причина за смртност. Како и другите карциноми, во почетен стадиум болеста нема знаци на заболување. Затоа, се советува секој човек над 50 години да направи скрининг тестови, како тест за скриено крвавење и колоноскопија, за навреме да се открие болеста.

Карциномот на дебелото црево е трета водечка причина за смртност. Како и другите карциноми, во почетен стадиум болеста нема знаци на заболување. Затоа, се советува секој човек над 50 години да направи скрининг тестови, како тест за скриено крвавење и колоноскопија, за навреме да се открие болеста.

Од полипи до карцином на дебело црево

Основата за развој на карцином на дебелото црево се полипите на дебелото црево. За од нормална лигавица да се создаде полип – аденом на дебелото црево потребни се околу десет години. Во почетокот полипите се бенигни (не се опасни), но со тек на време добиваат потенцијал да се претворат во малигни.

„Само 10% од полипите на дебелото црево имаат наследен фактор на раст, додека 90% настануваат со стимулација на локални фактори од цревната содржина и се јавуваат по педесетта година на животот. Полипите кои имаат наследен фактор се јавуваат до 40-та година од животот и се развиваат во карцином кај 100% од случаите доколку не се отстранат ендоскопски или хируршки“, објаснува проф. д-р Васко Василевски.

Иако сè уште не се познати причините за карцином на дебелото црево, проф. д-р Васко Василевски, гастроентерохепатолог, советува како да се заштитите со овие 5 совети:

1. Не игнорирајте ги симптомите Кај сите пациенти не се исти симптомите за королектален карцином. Кај некои се развива анемија, кај други се манифестира со крв во столицата.

„Се јавуваат и болки во левата половина на стомакот и над срамната коска во форма на грчеви. Пациентите имаат чувство на недоволна испразнетост, па се јавува потреба од повторно празнење. Типични тегоби за канцер на дебелото црево се и наизменично запек и пролив. Не игнорирајте ги овие симптоми. Веднаш јавете се на лекар“, советува проф. д-р Васко Василевски.

2. Дознајте ја вашата семејна историја на болести Популација со највисок ризик за развој на карцином на дебелото црево се лица до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или карцином на дебелото црево, а особено оние со податок за полипи или карцином на дебелото црево во првото или второто коле- но, вклучувајќи и полусестра или полубрат. Проф. д-р Васко Василевски советува дека е многу важно да се направи проценка на ризикот за идентификување на пациенти со зголемен ризик од оваа болест.

„Многу е важно пациентите на која било возраст да бидат запознаени со својата семејна историја. Исклучително важно е да знаат дали близок роднина некогаш е лекуван од канцер на дебело црево или полипи. Во тој случај, со превентивни прегледи треба да почнат многу порано пред 50-тата година“.

3. Јадете здраво, вежбајте и престанете со пушење. Свежото овошје, зеленчукот и останатата храна богата со растителни влакна помага во одржување на здраво дебело црево.

„Во ризик фактори се и честото внесување црвено месо (свинско, јагнешко, говедско). Исто така, и зголемената телесна тежина или угоеност. Зголeмувањето на индексот на телесна маса кај мажите за 30%, го зголемува ризикот за 80%, а кај жените за 50%. Ризикот од канцер на дебело црево се зголемува и со пушењето и алкохолот, вадење на жолчното кесе, хроничен запек“, објаснува проф. д-р Васко Василевски.

4. Не плашете се да разговарате со вашиот лекар. Секој човек мора да биде сериозен кога е во прашање здравјето. За сè консултирајте го вашиот лекар.

„Доколку забележите крв на тоалетната хартија, не претпоставувајте дека тоа е последица на хемороиди. Веднаш кажете му на вашиот лекар. Тој треба да процени за што всушност се работи“, објаснува проф. д-р Василевски.

5. Направете колоноскопија кога ќе ви препорача лекарот. Колоноскопијата е задолжителна кај лицата без ризик и тегоби на возраст 50-60 години. Пред 50-тата се препорачува кај лица кои имаат семејна историја на болеста.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!