Како навреме да ја откриете остеопорозата?


Остеопороза е заболување на коските кое ја намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Скелетот на пациентот со остеопороза станува подлежен на скршеници кои може да се случат и при најмала траума или поголемо оптоварување на коските.

Најчесто се случуваат скршеници на пршлените на ‘рбетниот столб , бутната коска или рачниот зглоб. Од овие причини остеопорозата се нарекува „тивок убиец“ или „тивок крадец“ на коскеното ткиво.

sistina

Остеопороза е заболување на коските кое ја намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Скелетот на пациентот со остеопороза станува подлежен на скршеници кои може да се случат и при најмала траума или поголемо оптоварување на коските.

Најчесто се случуваат скршеници на пршлените на ‘рбетниот столб , бутната коска или рачниот зглоб. Од овие причини остеопорозата се нарекува „тивок убиец“ или „тивок крадец“ на коскеното ткиво.

Кои се ризик фактори за настанување на остеопороза?

Ги има многу, но затоа ќе ги споменеме само најчестите:

-Кога во најтесното семејство има болни со остеопороза или семејна историја за чести скршеници при мала траума (наследен фактор);
-Претходна историја за настанати скршеници кај возрасен пациент
-Долготрајно лежење поради друго заболување
-Намалена физичка активност
-Мала телесна тежина или грацилна градба (слаби тенки коски)
-Губење на висина (чувство дека сте се смалиле или подгрбавиле)
-Изостанок на менструален циклус подолго од една година (жени во менопауза или жени каде оперативно се отстранети јајчниците)
-Исхрана сиромашна со калциум и витамин Д3
-Консумирање алкохол ( повеќе од 3 dl. на ден)
-Пушење
-Долготрајно земање на некои лекарства (како кортикостероиди, цитостатици, антиепилептици…)
-Хронични заболувања на дигестивниот тракт, хормонални нарушувања, бубрежни заболувања, астма,пациенти со пресаден орган и др.

Колку е честа остеопорозата?

Во светот кај 1 до 3 жени и кај 1 од 5 мажи над 50-годишна возраст кои имале скршеница се открива дека боледуваат од остеопороза. Иако остеопорозата е најчеста над 60 год. возраст, таа може да се јави и кај помлади луѓе, особено ако имаат повеќе од наведените ризик фактори.

Како да знам дека имам остеопороза?

Остеопорозата е подмолна и најчесто не дава никакви тегоби во почетен стадиум. Во напредната фаза на болеста може да се забележи смалување на висината или свиеност на ´рбетот кон напред. И покрај сите укажувања за навремена дијагноза, остеопорозата се открива дури по првата скршеница. Токму од овие причини важно е да појдете на лекар доколку барем три од наведените ризик фактори се однесуваат на вас, особено ако сте на возраст над 50 години. Лекарот ќе ви земе детална анамнеза и ќе одлучи дали да се продолжи со дијагностички постапки за докажување на остеопорозата. Најчесто првиот чекор е испитување на коскената густина (BMD-bone mineral density) , постапка која подразбира снимање на ДЕXA скен (ДЕXA, Dual Energy X-ray Absortimetry). Ова софистицирано снимање на скелетот со многу ниско зрачење овозможува откривање на многу мал губиток на коскено ткиво. Може да се направи и дијагностика со ултразвучна дензитометрија на петната коска (без зрачење), но точноста на снимањето не е многу висока и оваа метода служи за брзо, ориентациско снимање (скринин) на поголема популација од која потоа ќе се издвојат луѓето кај кои постои висока веројатност дека имаат остеопороза. Во пакетот иследувања лекарот, најверојатно, ќе ви препорача и одредени лабораториски анализи на крвта кои се во корелација со остеопорозата (оценка на метаболизмот на калциумот, фосфорот, паратироидни хормони и др.)

Како може да се превенира остеопорозата?

Наследниот фактор има голема улога во ризикот од настанување на остеопорозата и врз него не можеме да делуваме. Затоа, пак, можеме да влијаеме на промена на животниот стил, да ги одржиме коските здрави и цврсти. Најдобар начин на превенција на остеопороза е редовна физичка активност и правилна исхрана уште во млада возраст, како и задржување на овие здрави навики како возрасен.

Дали остеопорозата се лекува?

Има ефикасни начини на лекување кои делуваат релативно брзо и ефикасно ( во тек на една година). Важно е начинот на лекување да биде прилагоден на секој пациент поединечно, на неговиот животен стил и постоечките медицински проблеми. Во терапијата на остеопорозата најчесто се даваат биофосфонати, лекови кои ја блокираат работата на клетките кои ја разградуваат коската.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!