Здравата страна на дел од овошјето и зеленчукот
РУКОЛА
Овој горчлив и вкусен зеленчук е природен детоксикатор. Богата е со Витамин А и К и фолна киселина, а воедно е и добар извор на цинк, калиум, калциум и железо. Руколата добро се комбинира со голем број пролетни салати. Покрај богатството на витамини и минерали помага и во ослободување од чир во желудникот.
ЦВЕКЛО
Ова навидум едноставно растение може да ве заштити од многу коронарни артериски заболувања и мозочен удар. Цвеклото ги намалува ефектите на стареењето и го намалува холестеролот. Јадете го цвеклото свежо, така ќе ги искористите сите негови придобивки. Содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод. Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб.
БРОКУЛА
Свежите и варените брокули имаат најубав вкус. Тие се полни со витамин А и Ц, како и фолна киселина, растителни влакна и калциум. Многу истражувања докажале дека брокулата игра голема улога во превенцијата од канцер, како и во намалувањето на крвниот притисок и холестеролот.
БОРОВИНКИ
Од овие мали топчиња имаме безброј придобивки. Тие се полни со антиоксиданти, штитат од канцер, рано стареење, дегенеративни заболувања и инфекции и можат да го намалат нивото на шеќер во крвта. Запомнете: што потемни, тоа подобри.
ЈАГОДИ
Слатки и превкусни, јагодите се полни со антиоксиданси. Доколку изедете еден полн сад со јагоди ќе внесете повеќе витамин Ц отколку што има во еден портокал. Јагодите имаат моќ да го намалат нивото на шеќер во крвта, содржат антиинфламаторски состојки и помагаат во превенцијата од хроничните заболувања, особено дијабетесот. Го зајакнуваат имунитетот и богати се со витамин Ц, кој ве штити од инфекции. Ги спречуваат срцевите заболувања така што се богати со флавоноиди и антиоксиданси кои се борат против лошиот холестерол. Богати се со влакна, заради кои лесно го регулираат нивото на шеќер во крвта, а сиромашни се со калории, па многу лесно ја намалуваат телесната тежина, а ве одржуваат сити.