Срцев удар


Неочекувани ризик фактори на срцев удар

Најдобриот начин за да го одржите здравјето на вашето срце е преку избалансирана и здрава исхрана, вежби и доколку е неопходно, лекови препишани од доктор. Но, постојат одредени ризик фактори кои можеби ќе ве изненадат. Генерално, ги набројуваме следните: напор, изложување на студ, силни емоции и исхрана.

sistina


Неочекувани ризик фактори на срцев удар

Најдобриот начин за да го одржите здравјето на вашето срце е преку избалансирана и здрава исхрана, вежби и доколку е неопходно, лекови препишани од доктор. Но, постојат одредени ризик фактори кои можеби ќе ве изненадат. Генерално, ги набројуваме следните: напор, изложување на студ, силни емоции и исхрана.

Премногу напор, премногу брзо

Сите знаеме дека редовна програма за вежбање е добра за нас, но важно е да бидеме физички подготвени на одредено ниво пред да „се фрлиме“ на вежбање. Ако не сте навикнати на редовни аеробик вежби, ненадејни и исцрпувачки физички напори може да доведат до срцев удар.

Стручните лица советуваат да се избегнува премногу напрегање во активности доколку имате историја на срцеви заболувања, дијабетес, висок холестерол или висок крвен притисок. Тестирањето на вашата способност за вежбање, особено во екстремни временски услови, може да биде опасно.

Ниски температури

Ладното време значи и зголемен ризик за срцев удар бидејќи предизвикува стегање на артериите, што може да предизвика ненадејно зголемување на крвниот притисок. Физичката активност на ладно време може да биде опасна. Понекогаш луѓето треба да запомнат дека чистењето снег е тешка работа која прави вашето срце дополнително да се напрега.

Интензивни емоции

Силните емоции, без разлика дали се добри или лоши, може да влијаат врз електричните импулси на срцето. Истражувањата покажаа дека стресот од екстремна среќа па се до голема тага може да предизвика срцев удар. Ова е поради несакано и ненадејно зголемување на срцевиот притисок во телото предизвикано од изненаден настан.

Неодамнешни истражувања за тагата покажаа дека ризикот за срцев удар е најголем 24 часа по губењето на некоја блиска личност и може да остане висок со месеци по нивната смрт. Секоја остра реакција на лутина има вистински последици по срцето.

Јадење голем оброк

Истражувањата покажаа дека тежок и обилен оброк може да предизвика срцев удар во период од 24 часа по конзумирањето. Се верува дека ова е поради тоа што јадењето ги зголемува нивоата на еден хормон, кој го зголемува крвниот притисок и срцевиот ритам. Освен обилниот оброк штетни последици по срцето имаат и прекумерената употреба на кофеин, дрога и алкохол. Знаејќи дека овие и други настани може да доведат до срцев удар само укажува на тоа колку е важно да го одржувате здравјето на срцето преку здрава исхрана, редовно вежбање и доколку е потребно со лекови.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!