Почетна » Некатегоризирано » Доживотен попуст за секое бебе родено во „Аџибадем Систина“

Доживотен попуст за секое бебе родено во „Аџибадем Систина“

Сподели

ПРИМАМЛИВИ ПАКЕТИ ЗА ИДНИТЕ МАЈКИ

Новина е што за мајките следува специјален попуст од 30 отсто за постпородилно обликување на телото во Центарот за перфекција, а дополнително и специјален попуст од 20 отсто за користење на услугите во „Премиум центарот за здрав живот“.

Деновиве Клиничката болница „Аџибадем Систина“ промовира специјални пакети за идните мајки со кои нуди комплетна здравствена грижа во периодот пред и по породувањето, како и уникатна понуда за секое бебе родено во болницата – попуст од 10 проценти за доживотно користење на сите здравствени услуги што ги нуди оваа приватна здравствена институција.

– Бременоста не е болест, туку состојба и една трудница треба да води физички активен живот, да вежба и да се грижи за своето здравје – вели гинеколог д-р Гордана Петровска, додавајќи дека поради тоа пакетите опфаќаат едукации за начинот на породување, носењето на бременоста, типови породување, нега на кожа и заби, предавања за идни родители, книга со совети за водење безбедна бременост, бесплатни јога часови во бременоста, масажа…

Овие пакети се поттик за идните мајки добијат соодветни информации за здрава избалансирана исхрана без накачување на вишок килограми и соодветни информации за физичка активност. Со тоа трудниците би биле во состојба на психофизички баланс кој благопријатно ќе делува на физиолошките промени на хиперкоагулабилноста на крвта карактеристични за бременоста. Важен фактор за здрава бременост и здраво бебе е исхраната, за што трудниците ги советува нутриционист. Вежбите од пилатес и јога се апсолутно дозволени, по претходна дозвола од доктор, по 16. недела од бременоста.

Новина е што за мајките следува специјален попуст од 30 отсто за постпородилно обликување на телото во Центарот за перфекција, а дополнително и специјален попуст од 20 отсто за користење на услугите во „Премиум центарот за здрав живот“, кој функционира во рамки на болницата и е најмодерен центар од ваков тип во регионот. Мајките добиваат специјален попуст од 20 отсто и за медицински козметички услуги во Центарот за перфекција.

Во пакетите се вклучени и лабораториски анализи за мајката при прием во болницата, како и можност за спинална или епидурална аналгезија за безболно породување. Болничкото сместување е исто така дел од понудата, но грижата не застанува по тие неколку дена. Со цел да се следи растот и развојот на новороденчето во пакетот се вклучени и ортопедски прегледи на новороденчето, совети за неговата исхрана, три контролни прегледи во првиот месец, но и посета на патронажна сестра.

Породување безбедно од ковид-19

Пандемијата ги ограничи можностите за породување, па така Клиниката во овој период прима само ковид негативни родилки, додека ковид позитивните пациентки се породуваат исклучиво на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

– Сите пациентки се примаат со претходен негативен ПЦР тест. Овде се породуваат пациентки коишто се здрави, вложуваме максимални напори за да спречиме евентуална трансмисија на ковид меѓу мајките и новороденчињата – вели д-р Петровска и додава дека се запазени сите процедури за безбедно породување.

Пандемијата со ковид-19 го намали бројот на пациентки минатата година. Освен оние кои биле бремени, останатите како да заборавиле на другите болести – повеќето поради страв од зараза со вирусот. Но, д-р Петровска уверува дека болницата строго ги запазува сите мерки за заштита од вирусот.

– Почнувајќи од анкетниот прашалник кој се пополнува на влезот на болницата, мерењето температура, скратувањето на придружбата во амбуланта, каде влегува само пациентката, а придружната личност чека во чекална, се намалува можноста на зараза помеѓу пациентките – вели д-р Петровска.

Пред амбулантите пациентките чекаат за преглед на растојание од 2 метра и задолжително носат маски.

– Нашиот персонал е имунизиран комплетно. Некои го прележаа ковидот, некои се вакцинирани. Не можам да кажам дека е невозможно да се пренесе вирусот, бидејќи е навистина непредвидлив, но сигурноста е на максимално високо ниво – уверува д-р Петровска.

Слушајте ги акушерките!

Маргарита Киш, која е одделенска сестра на одделот за гинекологија и акушерство, а во болницата е веќе 20 години, вели дека породувањето е еден од најинтимните и најубавите моменти што една жена може да ги доживее.

– Затоа сме максимално сконцентрирани да им биде што помалку трауматично. Знаеме дека секоја, особено прворотка, е исплашена од она што ја очекува, затоа се трудиме да ѝ ги приближиме работите, да знае што да очекува во тој момент и што може да добие во нашата болница – вели Киш.

Пред пандемијата со ковид-19 постоеле услови пациентките да влезат и да ги видат собите и родилните сали и да ја почувствуваат атмосферата во болницата. И таткото може да присуствува на породувањето ако е спонтано, но сега поради пандемијата треба да покаже негативен ПЦР тест, без разлика дали е вакциниран или не.

– Протоколот налага сите пациентки кои влегуваат во болницава, дали за раѓање или за операција, да бидат со негативен ПЦР тест. Ограничена е посетата, најчесто е дозволено да дојде само таткото на бебето. Сепак, овој миг е убаво да се сподели со него – додава Киш.

Во родилната сала има искусни акушерки, секогаш спремни да дадат корисен совет, а Маргарита ги советува трудниците да ги слушаат акушерките и за време на раѓањето да се концентрираат само на нив.

– Трудницата и родилката се многу нежни и психички и физички. Мора да внимаваме на двата момента, особено сега кога пандемијата нѐ поремети што е и дополнителен притисок за нив. Затоа е најважно тие да го одберат она што е најдобро за нив и за нивното бебе, каде што можат да им се гарантираат услови со кои ќе бидат максимално заштитени, посебно од ковид – додава Киш.

24-часовна грижа и за бебињата

Сите бебиња родени во „Аџибадем Систина“ од минатиот месец добиваат ексклузивен попуст од 10 проценти за доживотно користење на сите здравствени услуги во болницата.

– Имаме 24-часовна нега за мајката и за бебето. Секогаш се трудиме мајката и бебето да бидат заедно, може да направиме блага отстапка во зависност од состојбата на мајката. Ги слушаме потребите на мајките и на родилките, како и на бебињата. Имаме сестри кои се грижат за мајката и сестри кои се грижат за бебињата. Помагаме околу процесот на адаптација за доење, надоаѓање на млеко, имаме нутриционист кој дневно поминува и ги советува мајките околу исхраната – објаснува сестра Киш.

Скопјанката Ивана Иванова Аѓелеска раскажува за нејзиното искуство во Клиниката и вели дека секоја мајка заслужува да го мине чинот на породување во најдобрата здравствена институција.

– Одлуката да се породам тука ја донесов по втор пат. Многу е важно да се чувствувате сигурни вие, но и вашето дете. Тука го има најдобриот тим на доктори, кои го даваат максимумот за пациентите. Нивниот однос и достапност, за мене беше најважен, а медицинските сестри неуморно се даваат за нас мајките. Првите чекори кои треба да ги имаме со нашите бебиња се клучни за целиот понатамошен процес – вели задоволната мајка Ивана.

Пакетот за природно породување во „Аџибадем Систина“ изнесува 90.000 денари, а за породување со царски рез е 120.000 денари. Сите поволности и услуги во пакетите се достапни откако ќе се уплати аванс од 12.000 денари со што се отвораат можностите за користење на сите услуги и комплетната грижа пред и по породувањето.

Почнувајќи од објектот „Мала Богородица“ досега во „Аџибадем Систина“ се родени повеќе од 18.000 бебиња, за што д-р Петровска на шега вели дека болницата е еден мал град со новороденчиња. Првото приватно родилиште во земјава сега е дел од огромна клиника, а тимот од областа на гинекологијата и акушерството се состои од 20 специјалисти и субспецијалисти.

Одделот се занимава со гинеколошки проблеми од најмала до најстара возраст. Не постои ни една светски позната процедура, ниту од областа на гинекологијата, ниту од областа на акушерството, која не се применува во „Аџибадем Систина“. Се изведуваат сите процедури од областа на превентивната гинекологија, акушерството, патолошка и високоризична бременост, урогинекологија, детска гинекологија, стерилитет, менопауза и корективни операции.

Извор: Plusinfo

Најди доктор Закажи преглед Контакт