Почетна » Некатегоризирано » Посебни протоколи и низа проверки додека терапијата стигне до пациентите – што значат JCI-стандардите

Посебни протоколи и низа проверки додека терапијата стигне до пациентите – што значат JCI-стандардите

Сподели

JCI-стандардите се сметаат за златен стандард во глобалната заедница за здравствена заштита. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по вторпат ги исполни точно бараните стандарди на Joint Commission International и повторно може гордо да го прикаже златниот печат. Со ова највисоко признание уште еднаш се потврди дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е болница која обезбедува квалитетна и униформирана здравствена нега во безбедно опкружување и потврди дека е лидер во регионот. Од одделот за квалитет, кои го предводеа овој процес, тврдат дека пациентите може слободно да имаат доверба дека болницата ги исполнува најстрогите критериуми за безбедност на пациенти, клиничка нега, целокупна поддршка на пациентите и многу повеќе…..

Континуирана работа и процес со предизвици

„Целокупниот процес е комплексен и побарува следење на инструкции зададени според JCI кои се исполнуваат во предвидена временска рамка. По акредитацијата во 2016 година, кога првпат го добивме ова признание, процесот не запре, напротив побарувањата и критериумите на 6-та едиција се построги и насочени кон мерењето на квалитетот на безбедна здравствена заштита во секој сегмент на здравствената нега, администрацијата и управувањето. Покрај имплементацијата на ревидирани процедури, протоколи, програми и сл., и нови стандарди и мерливи елементи, потребен е период на следење на подобрувањата, нивно одржување и евалуација. Сите податоци и информации кои стигаат до Одделот за квалитет е потребно да ги доведе до фаза на корисна информација која би го подобрила процесот на здравствена грижа“- објаснува Милена Буџаровска, менаџер во одделот за квалитет.

Овие стандарди значат поголема безбедност во работата за персоналот и помалку медицински грешки. Со целосна посветеност и добра организација Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбедува услуги на исто ниво како и реномирани болници во целиот свет.

„Униформност во процесот на работа по најнови препораки и стандарди потврдени во светски рамки, но и инволвираност на мултидициплинарниот тим во создавање на мерките за подобрување на квалитетот на безбедна и сигурна здравствена заштита. Тоа значи дека тимот не е само колекционер на податоци и информации, туку истите по преминувањето во фаза на корисна информација, помага во процесот на одржување и мониторирање на истиот“ – вели Буџаровска.

Сложен процес додека терапијата стигне до пациентот

Подготовката додека назначената терапија стигне до пациентот е сложен процес, во кој се вклучени голем број членови од медицински персонал. Докторот препишува терапија, водејќи се според стандардот MMU.4. Целата процедура е безбедна и мониторирана од страна на фармацевт, доктор и медицинска сестра/техничар согласно воспоставените процедури и програми. Фармацевтот комплетната нарачка од доктор ја потврдува по спроведената  контрола поединечно низ неколку параметри: препишана доза и видот на лекот; дали се надминува максималната дневна доза; дуплицирање на нарачката; вистинска или потенцијална појава на алергија од лекот;  фреквенција на апликација; начин на апликација; појава на варијации помеѓу исти препишани лекови од страна на двајца доктори; телесната тежина и висина на пациентот во сооднос со дозата; интеракции лек – лек и лек – храна; eвентуална запишана забелешка од страна на доктор во полето за забелешка од страна на доктор или во медицинска карта на пациентот. Терапијата за пациентите доставена од болничка аптека ја прима одговорната медицинска сестра за пациентот на оддел, ги проверува податоците, проверува дали е правилниот лек за пациентот, точна доза, правилната форма, начинот на администрација на лекот. Доколку има некакви грешки или недостатоци, ја известува аптеката. Ги сместува лековите во шкафчињата наменети за чување на терапијата по пациент. Еден примерок од тераписката листа потпишан од страна на медицинската сестра се враќа во болничка аптека. Во електронското досие на пациентот, одговорната медицинска сестра ги проверува податоците и предупредувањата напишани од фармацевтот и го известува докторот доколку постојат прашања за кои треба да се контактира со него.

Специјална просторија за подготовка на лекови

Подготовката на назначената терапија по пациент се врши во специјално наменета просторија  со запазени услови на хигиена и асептична техника. Медицинските  сестри претходно имаат поминато на обука за работа по овие протоколи. Апликацијата на назначената терапија се спроведува според утврдени практични  стандарди, вклучително и повторна идентификација на пациентот, програмата за хигиена на раце, употреба на ракавици, едукација на пациентите и опсервација согласно процедурите за безбедна, правилна примена, обележување, мониторинг на одговорот на лековите кај пациентите и програмата за безбедност. Се внимава и на делот за селекцијата на создадениот отпад, што треба да е во согласност со стандардот за превенција и контрола на инфекции. По завршената администрација на лековите на пациентот, истата се потврдува во електронското досие на пациентот дека е дадена според 8 правила за апликација на лекот.

 

 

 

 

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт