Покрај убавиот мирис, на етеричните масла им се препишуваат голем број здравствени придобивки. Подобрување на расположението и когнитивните способности, ублажување на симптомите при инфекција и рефлуксна болест (враќање на содржината од желудникот во хранопровод) се само дел од нив. Ароматерапијата со овие масла е исто така корисна и при несоница, проблеми со варењето на храната, инфекција на забите. Сè што треба да направите е да ставите неколку капки од маслата во дифузер или ставете од етеричното масло во тенџере со вода, ставете го лицето над него, затворете ги очите и покријте ја главата со крпа и вдишете ја пареата.
Етеричните масла се среќаваат во голем број растенија, а во прилог ви ги посочуваме најдобрите осум
Лимон
Маслото од лимонот е богато со лимонен, кој помага во намалување на симптомите на рефлуксна болест и растворање на камчињата во организмот. Студиите покажале ефикасност на ароматерапијата со Д-лимонен кај пациенти со напредната фаза на канцер.
Рузмарин за подобра концентрација
Маслото од рузмарин делува во подобрувањето на когнитивните способности, како меморија, фокус и концентрација. Корисен е и при настинка, главоболка и проблеми со дигестивниот систем.
Пеперминт со голем спектар
Маслото од пеперминт е едно од најдостапните масла кое има широк спектар на дејства. Најчесто се употребува за ублажување на главоболка. Исто така, ова есенцијално масло помага при проблеми со стомакот, намалување на подуеност и гасовите. Пеперминтот е одличен и за аромамасажа.
Каранфил
Каранфилот има моќен антибактериски и антивоспалителен ефект. Каранфилот се користи во стоматолошки ординации како анестетик за забите и непцата. Ова масло може да биде иритирачко за кожата, па затоа треба да се разреди во добар сооднос и да се нанесе на мала површина на кожата за да не се добијат несакани ефекти.
Куркума
Куркумата е моќен антиоксидант кој се користи за зајакнување на имунитетот, намалување на болката во зглобовите. Куркумата е високоценет зачин во индиската култура. Голем дел од неговата употреба е наменета за намалување на симптомите на воспаление.
Зрно кафе
Доколку уживате во мирисот на кафето, тогаш сигурно ќе ви се допадне и ароматерапија со кафе. Екстрактот од кафето го стимулира нервниот систем, будење на телото и подобрување на расположението. Етеричното масло од кафе е добро и како тоник за телото.
Оригано
Масло од оригано е познат сојузник против настинки и грип. Маслото има висока концентрација на состојки со моќен анти-бактериски, анти-габични и анти-вирусни својства. Исто така, оригано масло има анти-воспалителни својства и помага при проблеми со варењето на храната.