Одморете се со попладневна дремка

Попладневната дремка може да биде одлично решение за да се одморите. Но, сигурно ви се случило кога ќе се разбудите да се чувствувате поуморни од претходно. Зависно од времето кога сте прилегнале, должината на сонот, возраста и генетските предиспозиции, попладневниот одмор може да има и позитивни и негативни страни. Што конкретно ви се случува? Доколку спиете повеќе од пола час, тогаш влегувате во фаза на спиење од која многу тешко можете да се разбудите.

sistina

Која е ползата од попладневната дремка?

Попладневниот одмор не само што ќе ве освежи туку и позитивно ќе влијае на вашите ментални способности. Освен тоа, сонот има и регенеративни ефекти. Но, кои се најдобрите начини за попладневен одмор? Дремката може да биде брз освежувач на мозокот. Замислете кога вашиот компјутер е бавен и фајловите се отвораат бавно. Најчесто го рестартирате или исклучувате сѐ, па повторно го вклучувате. Истото се случува и со мозокот. Доколку задремете за кратко ќе забележите подобрување во многу аспекти.

Експертите укажуваат на фактот дека 10 до 20 минути дневен одмор може сериозно да влијае врз бистрината на мозокот. Ова може да се применува во текот на денот, доцна навечер, пред некој битен настан, или кога треба да го поминете последното ниво на видеоиграта која сте ја играле цела ноќ со цел да бидете посконцентрирани и побистри.

Исто така, дремките од 60 минути можат добро да влијаат врз повторното враќање на когнитивната моќ, додека оние од 90 минути понекогаш можат да заменат и целосен циклус на спиење кој опфаќа креативност, емоционална и процедурална меморија.

Значи, доколку ви е потребно брзо „полнење на батериите“ дремнете 5 до 10 минути. Доколку сакате вистински да се одморите, потребно ви е спиење од 60 – 90 минути. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!