Ако веќе сте бремена или се сомневате во бременост, известете го вашиот онколог пред почетокот на радиотерапијата. Не се препорачува за време на третманот да останете трудна бидејќи терапијата со зрачење може негативно да влијае врз плодот и неговиот развој. Ако планирате да имате дете во иднина, зборувајте со вашиот доктор за можности за замрзнување јајце клетки. Замрзнувањето на јајце клетки најпрво е започнато кај млади жени кои се на третман како хемотерапија или радиотерапија. Кај овие пациентки со замрзнување на јајце клетките се надминува ризикот од оштетување на јајце клетките во текот на терапијата за канцер, со што тие зачувуваат сопствен генетски материјал. На тој начин пациентката ја има истата репродуктивна дијагноза како и пред појавата на болеста, односно како во моментот кога јајце клетките се замрзнати.
Од кои фактори зависи витрифицирање на јајце клетки?
Во однос на витрификацијата на јајце клетки кај пациентки заболени од канцер треба да се имаат предвид неколку фактори: возраст на пациентката, оваријална функција и фоликуларна резерва. Репродуктивната прогноза зависи од бројот на добиени јајце клетки кои се успешно витрифицирани. Бременоста не може да биде гарантирана, но постои можност за бременост со помош на постапките на асистирана репродукција. Успешноста на постапката зависи од неколку фактори:
- возраст на пациентката кога замрзнувањето е извршено
- квалитет и зрелост на јајце клетките
- квалитет на јајце клетките при одмрзнување
- квалитет на добиените ембриони, како и други фактори кои влијаат на успешноста на ИВФ постапката, како на пример квалитетот на сперматозоидите
За кого е наменето замрзнувањето
Јајце клетките може да се замрзнат кај:
- пациентки со канцер кај кои треба да се започне третман кој може да предизвика оштетување на јајце клетките
- пациентки со повторувачки операции на јајчниците, како на пример ендометриоза пациентки кај кои е подобро да не се изврши ембрио трансферот во истиот циклус во кој се добиени јајце клетките (кога постои ризик од ОХСС оваријален хиперстимулациски синдром, развој на полипи, хидросалпингс, отсуство на сперматозоиди)
- пациентки со ризик од намалување на функцијата на јајчниците, прематурна оваријална инсуфициенција, оваријални цисти
- пациентки кои живеат во област со висока изложеност на пестициди и тешки метали пациентки кои како воени припаднички ќе бидат изложени на хемиско и биолошко оружје
- млади жени кои сакаат да го пролонгираат мајчинството
- жени кои во моментот немаат партнер
- жени кои не сакаат да се грижат за биолошкиот часовник
Студиите покажале дека е препорачливо замрзнување на јајце клетките кај пациентки со дијагностициран канцер, додека, пак, младите жени кои сакаат да го пролонгираат мајчинството мора да пристапат со внимание и на сопствен ризик, со оглед на тоа дека јајце клетките во процесот на одмрзнување може и да не преживеат или, пак, да не се оплодат.