Помош при опаѓање на косата

Помислата дека губењето коса е единствено машки проблем е погрешна. Дури 40% од луѓето кои имале привремен или долгорочен проблем со губење на косата се жени. Кај некои, овој проблем се јавува на целата глава, кај други само на централниот дел на главата изгледа поредок од останатите. За секоја жена стресен е моментот кога ќе погледне во четката за коса и ќе види поголем број на опаднати влакна од вообичаено. Оваа состојба најчесто се јавува по годишните одмори, при промена на сезоната или по бременост. Чинот на опаѓањето на косата влева страв од оќелавување. Истражувањата покажуваат дека овој проблем го има 1 од 4 жени. Многу често косата е таа која што прва страда кога телото е вознемирено, кога мора да се бори со одредени болести или кога од резервите ќе извлече материја која му е потребна.

Опаѓањето на косата може да биде физиолошки очекувано, како и патолошки кога е знак на одредени болести. При утврдување на видот на болеста која ја предизвикува или може да биде во врска со опаѓањето на косата првенствено се раководиме со клиничка слика, односно типот на алопеција кој е присутен.

Преглед, па третман

Кога ќе забележите дека дневно ви паѓаат повеќе од 100 влакна, време е да направите консултација со дерматолог. Доколку се заклучи дека е женски тип на опаѓање на косата спрема Lidwig се степенува сериозноста и се советува соодветна терапија. Доколку се постави дијагноза за полицистични јајчници со ехо на гинеколог и се направи хормонален статус, како и проверка на железо и други минерали и витамини, во третманот доаѓаат предвид во прва линија локални препарати како минохидил, локален естроген, шампон за стимулација на раст на косата.

Природен начин

Втора можност е PRP апликација во кожата на главата од ваша пречистена плазма богата со тромбоцити. Нашата крвна плазма содржи активни фактори на раст ја стимулираат косата да расте. Оваа метода е погодна и за мажи и за жени кои сакаат на природен начин и бујна коса  без хируршки интервенции. PRP апликацијата освен што го подобрува изгледот ја враќа и самодовербата. 

FUE метод

Трета можност кај напреднатите случаи стадиум III е трансплантација на коса со FUE метод. При изведба на оваа постапка се префрла коса од местата каде има повеќе во региите каде што таа е опадната со метод влакно по влакно и локална анестезија, без оперативен рез и конци. Таа префрлена коса не може да испадне повторно бидејќи тие влакна немаат 5 алфа редуктаза рецептори за тестостерон кој го предизвикува опаѓањето на косата. Крајниот резултат од интервенцијата е изедначена прераспределба на косата, како и природен изглед и волумен при што не се забележува разлика меѓу старата и новата коса.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!