Породување со царски рез

Царскиот рез претставува породување со хируршки зафат, каде во општа и епидурална или спинална анестезија, со најчесто попречен рез во долниот дел од стомакот, се вади плодот. Со зголемување на процентот на царски резови расте и бројот на повторните царски резови. Бременоста и породувањето по секој царски рез се придружени со зголемен ризик како за мајката така и за детето. 

Царскиот рез претставува породување со хируршки зафат, каде во општа и епидурална или спинална анестезија, со најчесто попречен рез во долниот дел од стомакот, се вади плодот. Со зголемување на процентот на царски резови расте и бројот на повторните царски резови. Бременоста и породувањето по секој царски рез се придружени со зголемен ризик како за мајката така и за детето. 

Царскиот рез претставува породување со хируршки зафат, каде во општа, епидурална или спинална анестезија, со најчесто попречен рез во долниот дел од стомакот, се вади плодот. Целата интервенција трае околу 20 минути до пола час. Бебето најчесто се вади 4-5 минути од почетокот на интервенцијата. Царскиот рез претставува сериозна хируршка интервенција, а за целосно заздравување се потребни неколку недели. Во болница се останува најчесто пет дена.

Во последната декада бројот на вагинално раѓање се намалува, а во голем пораст е царскиот рез. Со растот на царските резови расте и бројот на повторните царски резови. Како што секоја хируршка интервенција носи зголемен ризик така и повторниот царски рез има зголемен ризик  за мајката и плодот. Се зголемува морбидитетот и морталитетот кај мајката за 2 пати во однос со вагинално раѓање. Компликациите можеме да ги поделиме на неколку групи:

▪ Инфекции, со зголемена инциденца зa повеќе од 15%, како  што се   ендометритис, дехисценција на фасцијата и ранатa, како и инфекциите на  уринарен тракт.

▪ Тромбоемболија во 1-2  промили се јавува кај трудници, а ризикот за 3 до 5 пати е поголем при царски рез. Тука спаѓаат: длабока венска тромбоза, пелвичен септичен тромбофлебитис, кои се едни од најтешките заболувања кои бараат долготрајна терапија.

Хируршки (оперативни) повреди како: расцеп на утерусот, мочен меур, црева и уретер се поретки, но со сериозни компликации.

Атонија на мочниот меур е за 2 пати почеста во однос на пациентките кои се нормално породени.

Анестезиолошки компликации, утерина атонија, задоцнето проработување на цревата, атонија на мочниот меур, placenta accreta-percreta (во наредната бременост) се сериозни компликации кои го загрозуваат животот на трудницата.

Хистеректомија (отстранување на матката) по повторен царски рез не e толку честа, но е сериозен хируршки зафат.

Процентот на повторувачки царски рез во светот е 89-90%. Зголемениот број се должи на тоа што сè повеќе жени се одлучуваат првпат да родат по 30 па и 40-годишна возраст. Со ова се зголемува процентот на царски рез, а со тоа се зголемува и процентот на повторен царски рез при наредната бременост на оваа популација. Царскиот рез го зголемува престојот во  болница за двојно во однос на вагинално раѓање па оттаму и кај повторувачкиот царски рез се зголемуваат деновите на престој во болница и паралелно со тоа ги покачува и материјалните трошоци.

Постпраталната нега кај царскиот рез е поинтензивна и пофреквентна со што се зголемуваат трошоците за хоспитализацијата. Ако дојде до некоја од горенаведените компликации, секако дека се зголемува престојот во болница и уште неколкукратно растат материјалните трошоци.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!