Последиците од брзата храна

Петте најлоши предлози за ручек

Одамна не сте појадувале здраво? Вашиот стомак почнува да протестира толку гласно што и вашите колеги можат да забележат? Имате еден час за ручек? За што ќе се одлучите? Сендвич со плескавица? Пица на парче?

Не брзајте. Ручекот ви дава енергија за остатокот од денот, затоа од големо значење ви е да донесете правилна одлука. Високо-калоричните оброци споменати подолу можеби имаат одличен вкус, но ќе ве остават надуени, со болка во стомакот и ќе ви ја зголемат тежината и ризикот од болести. За здрав ручек, избегнувајте ги следниве оброци:

sistina

Петте најлоши предлози за ручек

Одамна не сте појадувале здраво? Вашиот стомак почнува да протестира толку гласно што и вашите колеги можат да забележат? Имате еден час за ручек? За што ќе се одлучите? Сендвич со плескавица? Пица на парче?

Не брзајте. Ручекот ви дава енергија за остатокот од денот, затоа од големо значење ви е да донесете правилна одлука. Високо-калоричните оброци споменати подолу можеби имаат одличен вкус, но ќе ве остават надуени, со болка во стомакот и ќе ви ја зголемат тежината и ризикот од болести. За здрав ручек, избегнувајте ги следниве оброци:

1. Пица: Огромно количество на натриум

Просечното парче пица со феферони содржи околу 680 милиграми натриум, 12 грама масти (5 грама заситени масти) и 300 калории. Но, кој јаде само едно парче? Три парчиња од една голема пица содржат повеќе од 2,000 милиграми натриум – речиси еднакво на препорачаната дневна доза од 2,300 милиграми во само еден оброк! Преголемото конзумирање натриум може да доведе до висок крвен притисок и кардиоваскуларни болести – една од водечките причини за смрт во светот. Оставете ја пицата за некоја посебна пригода и одморете ги вашите крвни садови.

2. Бургери и пржени компирчиња: За ЕКСТРА Големина!

Доколку вашиот омилен ручек ги содржи зборовите „екстра“ или „турбо“, оддалечете се од касата. Типичен двоен чизбургер и голем помфрит имаат повеќе од 900 калории. Комбинирајте го со голем газиран пијалок и ќе добиете околу 1,200 калории во еден оброк! За жал, континуирано конзумирање храна која е со многу калории, масти и натриум прави пустош во вашето тело, го зголемува ризикот од здебелување, хипертензија и тип 2 дијабетес.

3. Комбинација ладен сендвич: Убиствено трио

Месата за ручек се вообичаено наполнети со натриум, заситени масти и карциногени состојки попознати како нитрати и нитрити, за кои се знае дека го зголемуваат ризикот од добивање одредени видови канцер. Околу 100 грама чадена, пилешка, свинска или мисиркина салама содржи од 900 до 1,100 милиграми натриум. Тоа е пред да додадете сирење, зачини и леб. Содржината на заситените масти е 9 милиграми на 100 грама ладен сендвич – тоа е околу 50 проценти од препорачаниот дневен лимит. Не избегнувајте ги само краставичките – прескокнете го целиот сендвич.

4. Хот-дог: Лоши масти во лепче

Хот догот нема ниту една позитивна страна. Типичен колбас содржи до 35 грама масти – од кои 15 грама се „лоши“, заситени масти. Еден хот-дог обезбедува повеќе од пола од вашата дневна препорачана доза на масти и енормни 80 проценти од препорачаното внесување на заситени масти. Високиот холестерол го зголемува вашиот ЛДЛ (или лош холестерол), го зголемува ризикот за коронарни срцеви болести, срцев и мозочен удар. Намалете со хот-догот и наместо тоа, пробајте сендвич со пилешко на скара или салата.

5. Пржено пилешко: Избришете го од вашата листа

Само едно парче пржени пилешки гради од вашата омилена сендвичарница содржи од 500 калории па нагоре, 34 грама масти и 1,200 милиграми натриум. Овие застрашувачки бројки треба да ги исплашат сите љубители на пржено пилешко. Пржената храна е често наполнета со масти и натриум – смртоносен тим на состојки. Откачете го прженото пилешко и останатите оброци кои ги набројавме. Вашето тело ќе ви се заблагодари.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!