Проверете се на време – од бенка до меланом!

Кај околу 50% од луѓето во текот на животот барем еднаш се развила некоја претканцерогена промена на кожата, a истражувањата покажуваат дека 70% од луѓето не ги препознаваат предупредувачките знаци. Меланомот е најтешкиот облик на карцином на кожа и со најголема смртност од сите кожни малигни болести. Потекнува од клетките наречени меланоцити. Меланомот е отпорен на зрачење, а хемотерапијата има ограничена улога во неговото лекување, па за да се има добра прогноза неопходна е на времено дијагностицирање, објаснува доц. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

За важноста од превентивни прегледи за карцином на кожата во Македонија, најдобро зборуваат статистиките. Нашата земја е на самиот врв во Европа no бројот на нови случаи годишно. Според бројот на ново регистрирани случаи, канцерот на кожа е еден од најчестите канцери во светот па затоа д-р Петров препорачува еднаш во годината секој човек превентивно да посети дерматолог.

 Бенките се бенигни израстоци на кожата кои можат да станат атипични, да прераснат во меланом или друг тип карцином. Нормалните бенки не се зголемуваат, не ја менуваат формата и обликот, ниту, пак, бојата. Следете ги вашите бенки, и доколку забележите каква било промена задолжително посетете дерматолог.

За да запомните на што треба да внимавате потсетете се на првите 4 букви од абецедата „ABCD“:

– Asymmetry (асиметрија) едната поло вина на бенката е различна од другата.

– Border (раб) рабовите на бенката се разјадени, назабени, заматени или не правилни. а пигментот се шири и кон околната кожа.

– Colour (боја) – Бојата е нееднаква. Може да се видат нијанси на црна, кафена и розова боја.

– Diameter (дијаметар) промена во големината на на постоечката бенка. Меланомите се обично поголеми од гумичката на моливот (>5 мм).

Проверете ги сите бенки co револуционерниот Molemax HD

Co помош на револуционерниот дерматоскоп MoleMax HD во „Аџибадем Систина“ со само едно снимање можете да ја дознаете состојбата на вашите бенки. По снимањето дерматоскопот компјутерски го одредува ризикот на се која пигментација. Доколку бенката е со висок ризик, може навреме да се отстрани, пред да премине во канцер, со што ќе се превенира карциномот на кожата. Апаратот според резултатите од проценката одредува кога треба да се направи следниот преглед. Снимките дигитално се архивираат со што се овозможува нивна споредба на следниот преглед. Molemax HD PRO дерматоскопот, кој го користат врвните дерматолошки центри во светот, во регионот е достапен ексклузивно во „Аџибадем Систина“.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!