Кои прашања да му ги поставите на вашиот лекар за карциномот на дојка?

Времето поминато со вашиот доктор е ограничено, па затоа добро решение е да подготвите листа на прашања кои треба да му ги поставите на вашиот доктор.

Времето поминато со вашиот доктор е ограничено, па затоа добро решение е да подготвите листа на прашања кои треба да му ги поставите на вашиот доктор.

Некои од прашањата вклучуваат:

–          Каков тип карцином имам?

–          Во која фаза се наоѓа карциномот?

–          Можете ли да ми ја објасните мојата патологија? Дали може да ми дадете копија од снимките?

–          Дали ми се потребни дополнителни испитувања?

–          Кои опции за третман најмногу ќе ми одговараат и ќе ми бидат најдостапни?

–          Кои се бенефитите од третманот кој ќе ми го препорачате?

–          Кои се несаканите ефекти од третманот?

–          Дали третманот може да предизвика менопауза?

–          Како третманот ќе влијае на мојот секојдневен живот? Дали ќе можам да продолжам со работа?

–          Дали постои третман кој Вие сметате дека е многу подобар од другите?

–          Како знаете дека овој третман е најдобар за мојата состојба?

–          Што би му препорачале на некој близок пријател или член од семејството кога би се нашол во ваква ситуација?

–          Колку брзо морам да се одлучам за тоа кој третман ќе го одберам?

–          Што би се случило доколку не сакам да прифатам каков било третман?

–          Колку би ме чинел третманот?

–          Дали треба да побарам второ мислење?

–          Дали имате брошури или други материјали? Кои веб страници и книги би ми ги препорачале?

Од друга страна, очекувајте дека и докторот ќе ви постави многу прашања. Неколку од нив:

–          Кога за првпат ги забележавте првите симптоми?

–          Дали симптомите се јавуваа одвреме навреме или постојано?

–          Колку беа сериозни симптомите?

–          Дали нешто Ви ги олеснуваше симптомите?

–          Дали нешто Ви ги влошуваше симптомите?

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!