Препознајте ја мигрената

Мигрената е една од најчестите видови главоболки која се јавува периодично. Истражувањата покажуваат дека од овој вид главоболка страда 20 проценти од популацијата. 

Честотата е различна во различни климатски делови, а зависи од возраста, полот и начинот на живот. Во детството и кај лицата во трето доба е ретка. Кај жените мигрената се јавува два до трипати почесто отколку кај мажите.

Мигрената е една од најчестите видови главоболки која се јавува периодично. Истражувањата покажуваат дека од овој вид главоболка страда 20 проценти од популацијата. 

Честотата е различна во различни климатски делови, а зависи од возраста, полот и начинот на живот. Во детството и кај лицата во трето доба е ретка. Кај жените мигрената се јавува два до трипати почесто отколку кај мажите.

Колку видови мигрени постојат? 

Мигрените се делат на:
1. Класична мигрена која може да биде со аура каде на класичниот напад на главоболка му претходат знаци кои го навестуваат нападот. Тоа најчесто се: појава на светкање, црни точки на окото на страната каде ќе се јави нападот, може да има и стегање, здрвување на лицето на таа страна. По овие предзнаци настанува нападот на главоболка. 

2. Обичната мигрена ги нема предзнаците, туку главоболките се единствениот симптом. 

Кои се симптомите на мигрената? 

Епизодите на главоболка траат 4-72 часа. Главоболките се на половина глава и се пулсирачки по карактер, со различен интензитет (од средна до многу силна болка), но во секој случај ги отежнуваат или комплетно ги оневозможуваат секојдневните активности.
Главоболката се потенцира при физички напор. За време на главоболката најчесто се јавуваат мачнини со нагон за повраќање или повраќање. На пациентите им пречат: бучава, светло, а поретко појаки мириси. Имаат и придружни симптоми како што се: потење, бледило, тахикардија, стомачна болка, пролив, зачестено мокрење. 

Кои се причините за мигренозни напади? 

Голем број фактори може да ја предизвикаат мигрената. Тоа се најчесто: 

1. Брзи атмосферски промени, менструален циклус, јако светло, долг одмор или спиење (неделна мигрена или мигрена на одмор), ментален стрес (одговорна работа, напорна и долга ментална работа, невозможност да се одговори на преголемите поставени задачи и слично). 

2. Исто така и одредени видови храна можат да предизвикаат напади. Тоа се најчесто некои видови сирења (кои содржат тирамин), месо и месни преработки (салами, сланини, виршли кои содржат нитрити), како и храна која содржи адитиви за промена на вкус. 

Видови на комплицирана мигрена 

Кај комплицираната мигрена настапот на главоболка е можеби најлесниот симптом. Од овие типови мигрена најчести се:
1. Офталмоплегична – се јавуваат парези или парализи на очните нерви со парализа на зеницата;
2. Здружена мигрена (Migrena acompagnie) – напад на мигрена придружен со изгубен осет, моторна слабост, губиток на говор;
3. Мигрена со вртоглавици;
4. Мигрена со Џексонови епилептични напади;
5. Стомачна мигрена 

Како се дијагностицира и лекува мигрената?

Не постои специфичен тест. Дијагнозата се поставува врз основа на описот на тегобите, честотата и болките. 

Терапијата оди во два правци: 

1. Кај поретки напади се решава самиот напад со симптоматска терапија на антиревматици, аналгетици, лекови против повраќање и сл. 

2. Кај честите напади се оди со превентивна терапија т.е. лековите се пијат неколку месеци континуирано за да не дојде до напад. Лекови што најчесто се применуваат се: бета блокатори, антиепилептици и антидепресиви.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!