Проф. д-р Јордан Савески советува – при повреда на `рбет не го пренесувајте повредениот без стручна помош

Најголем дел од компликациите при повреда на `рбетот настануваат кога повредениот нестручно се поместува и транспортира од местото на несреќата до здравствената установа. Компликациите кои може да настанат се повреда на `рбетниот мозок и парализа на екстремитети или целото тело. Проф. д-р Јордан Савески, шеф на Спиналниот центар во „Аџибадем Систина“ дава стручни совети за прва помош при повреда на `рбетот.  

Најголем дел од компликациите при повреда на `рбетот настануваат кога повредениот нестручно се поместува и транспортира од местото на несреќата до здравствената установа. Компликациите кои може да настанат се повреда на `рбетниот мозок и парализа на екстремитети или целото тело. Проф. д-р Јордан Савески, шеф на Спиналниот центар во „Аџибадем Систина“ дава стручни совети за прва помош при повреда на `рбетот.  

Повреда на ‘рбетот има доколку:

• Повредениот се жали на болка во вратот и грбот

• Повредениот не може да го движи вратот, како и екстремитетите

• Повредениот се жали на слабост, вкочанетост или парализа и нема контрола на рацете или нозете, не може да уринира

• Доколку има повреда на главата

При секоја повреда на главата секогаш треба да се мисли дека повредениот има повреда на ’рбетот. Во тие случаи најчесто е забрането да се поместува повредениот, без претходно да се имобилизира. Нема потреба од паника и транспорт во неадекватно возило.

„Досега сум бил сведок на катастрофални последици по ’рбетот и ’рбетниот мозок кога неимобилизиран, пациентот се транспортира во првото возило кое е на располагање. Запомнете дека тогаш скршеницата на вратот доведува до повреда на ’рбетниот мозок и парализа на повредениот“, објаснува проф. д-р Јордан Савески.

Како да се постапи?

 • Држете го пациентот во позиција во која сте го затекнале

• Држете ја главата да не се помести

• Имобилизирајте го со тврд околувратник

• Веднаш јавете се на итната медицинска помош

Имобилизација при повреда на ‘рбет

Адекватна имобилизација е есенцијална постапка за спречување дополнителни повреди на ‘рбетниот мозок при спинална траума. Бидејќи во 10-15% од повредите се на повеќе нивоа на ‘рбетот, потребна е имобилизација од глава до петици. Следниве чекори се задолжителни за да се спречат дополнителни повреди:

√ На местото на несреќата, без какво било придвижување се фаќа главата на повредениот. За ова време се поставува тврд околувратник.

√ Повредениот внимателно се поставува на спинална штица. За поставување на штицата потребни се најмалку четворица. Едниот ја придржува главата, другите двајца под градите и карличниот масив, а четвртиот ги држи нозете. Доколку нема околувратник, тогаш вратот се задржува со мека ткаенина и се фиксира на штица со леплива лента со цел да се оневозможи придвижување на повредениот за време на транспорт.

√ Доколку со себе носи заштитна кацига, истата не се отстранува бидејќи искуствата покажале дека вадење на кацигата доведува до дополнителни повреди на ‘рбетот. Ако треба да се изведе реанимација, кацигата се отвора само во предниот дел.

√ Вака прописно имобилизиран, пациентот може да се транспортира.

Проф. д-р Савески советува:

Не скокајте во вода со глава на места каде не сте сигурни за длабочината бидејќи можете со главата да удрите во дното и да го повредите ’рбетот. Во најголем број случаи овие повреди завршуваат со парализа. Постапете правилно со повредениот. Запомнете имобилизацијата и соодветниот транспорт може да му го спасат животот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!