Причини за често мокрење во текот на ноќта

Честата потреба за уринирање во текот на ноќта може да биде поврзана со неколку состојби. Доколку имате потреба за уринирање повеќе од двапати за време на ноќниот сон и ако ова трае подолго време, можеби го имате проблемот наречен ноќно мокрење. Зависно од причината, ноќното мокрење може да се реши со лекарства или едноставно со промена на одрeдени навики пред да легнете. Ова се најчестите прашања кои си ги поставуваат луѓето кои имаат нарушен квалитет на сонот.

Честата потреба за уринирање во текот на ноќта може да биде поврзана со неколку состојби. Доколку имате потреба за уринирање повеќе од двапати за време на ноќниот сон и ако ова трае подолго време, можеби го имате проблемот наречен ноќно мокрење. Зависно од причината, ноќното мокрење може да се реши со лекарства или едноставно со промена на одрeдени навики пред да легнете. Ова се најчестите прашања кои си ги поставуваат луѓето кои имаат нарушен квалитет на сонот.

Дали пијам многу течности?

Секако дека пиењето големи количини течности во текот на денот влијаe и врз количината и честотата на потребата за уринирање. Посебно ако пиете непосредно пред да одите во кревет. Она што исто така не се препорачува неколку часа пред легнување  е пиење  алкохол и напитоци кои содржат кофеин.

Дали имам инфекција?

Уринарната инфекција е уште една причина за често мокрење во текот на ноќта. Доколку имате инфекција, покрај честото мокрење ќе имате и болки за време на уринирањето, болки во стомакот, а чест заеднички симптом е и покачената температура.

Дали е поврзано со годините ?

Луѓето во поодмината возраст имаат почеста потреба за уринирање навечер. Тоа е заради ослабување на мускулатурата на мочниот меур и свинктерот (отворот) на мочниот меур кој не е во можност да ја задржи урината долго време. Исто такa, со годините се намалува и лачењето на хормонот кој им кажува на бубрезите да работат со побавно темпо додека спиете. Честото уринирање во поoдминатите години го предизвикуваат и други состојби, зависно од полот: кај мажите зголемената простата може да биде причина за честа потреба за уринирање и други проблеми при уринирањето. Жените во менопауза имаат намалено лачење на хормонот естроген кој предизвикува промени во уринарниот тракт. Доколку сте родиле и деца, тогаш може да имате состојба наречена стрес инконтиненција (неволно испуштање на урината).

Дали пиењето лекарства ја зголемува потребата за уринирање?

Пиењето одредени лекарства го забрзува метаболизамот и предизвикува почести уринирања. Особено доколку имате висок притисок и пиете диуретици чија намена е исфрлање на водата од организмот. Консултирајте се со вашиот доктор, овие лекарства земајте ги рано во текот на денот или променeте ги.

Имам проблем со спиењето?

Честопати не ве буди потребата за уринирање туку едноставно се будите, па кога веќе станувате чувствувате и потреба за уринирање. Ваквиот лесен сон може да биде како резултат на низа нарушувања на спиењето како депресија,sleep apnea, хронична болка и сл.

Дали имам проблеми со срцето?

Кога срцето не ја испумпува правилно крвта, доаѓа до насобирање на водата во долниот дел на телото која е видлива во зглобовите на нозете (стануваат отечени). Кога легнувате, вашето тело се ослободува од течностите. Можете да си помогнете во намалувањето на отокот со тоа што ќе ги кренете нозете благо нагоре додека седите.

Што друго може да биде проблем?

Доколку сте изморени од решавање на овој проблем и доколку се влошува, тогаш можно е да се работи за некоја состојба како: тумор на мочен меур, тумор на простата, хиперактивен мочен меур, циститис, бременост, прекумерна тежина. Состојби кои прават телото да создава повеќе урина се: дијабетес, оштетувања на црниот дроб,  невролошки болести како Алцхајмер и Паркинсонова болест.

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!