Причини за појава на карцином на дојка

Причината за појавата на ова заболување сѐ уште не е позната. Докторите велат дека карциномот на дојка се јавува кога некои клетки почнуваат да растат абнормално. Овие клетки се шират многу побрзо од здравите и се акумулираат формирајќи грутка или маса и истите можат да се рашират (метастазираат) низ дојката до лимфните јазли или до другите делови на телото.

Карциномот на дојка најчесто се формира или започнува во клетките кои се сместени во каналите за производство на млеко (инванзивен дуктален карцином). Карциномот на дојка, исто така, може да се формира во жлездените ткива, наречени лобули (инванзивен лобуларен карцином), или во другите клетки во дојката.

Истражувачите постојано идентификуваат работи кои можат да го зголемат вашиот ризик од карцином на дојка. Но, сé уште не е јасно зошто кај луѓето кои не покажуваат никакви ризик фактори се развива канцер, додека кај луѓето кои имаат повеќе ризик фактори никогаш не се развива канцер. Во секој случај, јасно е дека карциномот на дојка се развива како резултат на комплексна интеракција на генетски фактор со вашето секојдневно опкружување.

Наследен карцином на дојка

Докторите проценуваат дека само 5% до 10% од карциномите на дојка се поврзуваат со мутација на гените кои преминале од една генерација на друга. Во последно време, идентификувани се голем број наследни мутирани гени кои можат да го зголемат ризикот од појава на карцином. Најчести се карциномот на дојка „ген 1“ (BRCA1) и карцином на дојка „ген2“ (BRCA2), и двата го зголемуваат ризикот за појава на карцином на дојка и јајчници.

Доколку имате сериозна семејна историја на карцином на дојка или друг канцер, крвната слика може да помогне во идентификувањето на мутациите во BRCA или други гени кои биле префрлени од едно „колено“ на друго.

Доколку сакате подетално да ги проверите ризиците, побарајте од докторот да ви обезбеди упат кај медицински генетски советник кој добро ќе ја разгледа вашата семејна историја. Со него ќе можете да разговарате околу бенефитите, ризиците и ограничувањата поврзани со генетските испитувања. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!