Освен тоа што сите знаеме дека краставицата е добар диуретик, таа има уште многу позитивни страни. Накратко, еве некои од нив.
- Краставицата ја содржи дневната доза на повеќето витамини и минерали потребни за човековиот организам, од типот на Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, витамин Ц, фолна киселина, калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, калиум.
- Кога ќе осетите замор, во попладневните часови наместо кафе изедете една краставица, таа е одличен извор на Б витамин и глицид, и сигурно ќе ви обезбеди брзо закрепнување во текот на останатиот дел од денот.
- Замагленото огледало пробајте да го избришете со парче краставица. Не само што буквално ќе го „светнете“ огледалото туку истото ќе добие арома како во ексклузивен СПА центар.
- Со цел да избегнете страшна главоболка следното утро, пред спиење изедете неколку парчиња краставица. Ќе се разбудите свежи и одморени благодарение на витаминот Б и електролитите, на организмот ќе му ги вратите хранливите состојки и ќе воспоставите рамнотежа во организмот, со што ќе ги избегнете болките.
- Една краставица може да ве засити, па дури да ви го замени целиот оброк.
- Доколку сте под стрес, ставете жешка вода во длабок сад, и во него ставете една краставица. Хемиските компоненти во краставицата во контакт со жешката вода ослободуваат арома која го намалува стресот. Ова е порака за луѓето кои имаат стресни професии, како и оние кои во одреден момент се наоѓаат во ваква ситуација.
- Во случај на непријатен мирис од устата земете парче краставица и држете го со јазикот на непцата. Хемиските компоненти на краставицата ќе ги елиминираат бактериите кои се причинители на таквиот мирис.
Доколку околу вашите билки се собираат разни црви и инсекти, ставете неколку парчиња краставица во алминиумски сад. Спојот на краставицата и алуминиумот создава мирис кој е одбивен за инсектите, а не е штетен за луѓето.