Знаци кои укажуваат на проблеми со црниoт дроб

Промени на кожата, во урината или столицата, болки во стомакот и замор, се некои од раните знаци за проблеми со црниот дроб.

Црниот дроб е витален орган кој е неопходен за здравјето на човековиот организам. Тој помага во варењето на храната, исфрлувањето на токсините од телото и апсорпцијата на хранливите материи кои му се потребни на телото за да преживее. Некои луѓе се раѓаат со проблеми на црниот дроб, додека на други, во текот на животот им се оштетува како резултат на разни хемикалии, вируси или претерано консумирање алкохол. Раните знаци кои укажуваат на проблеми со црниот дроб не смеат да се игнорираат, туку потребна е лекарска помош.

Промени на кожата

Еден од најраните знаци кои укажуваат на проблеми со црниот дроб се ненадејните промени на кожата. Овие симптоми вклучуваат губиток на нормалната боја на кожата или појава на жолтеникава нијанса на кожата, како и пожолтување на ноктите. Причината за појавата на овие симптоми е фактот дека црниот дроб не исфрлува токсини од телото на правилен начин, па билирубинот се таложи под кожата.

Чешање или преосетлива кожа

Раните знаци кои укажуваат на проблеми со црниот дроб можат да се појават и во внатрешниот дел на кожата. Тоа значи дека чешањето може повремено да се влошува и кожата да станува сè поосетлива на допир и лесно да се воспалува. Одржувањето на влажноста на кожата со хидратантни креми на болните регии може да ги ублажи симптомите.

Промени во урината и столицата

Некои луѓе можат да ги забележат симптомите со промената на бојата на урината, која станува темна. Најпрвин, секој се сомнева во дехидратација. Но, ако и покрај тоа што сте внеле голема количина вода во телото, урината не е речиси проѕирна, најверојатно се работи за проблем со црниот дроб. Исто така, промената на бојата на столицата може да укаже на проблеми со црниот дроб. Во вакви ситуации таа може да биде бледа, крвава или со боја на катран.

Промени во стомакот

Грчеви и болки во долниот дел на стомакот, како и појава на гасови и притисок во стомакот можат да бидат еден од раните знаци за нарушување на црниот дроб. Доколку со тек на времето проблемот станува сѐ посериозен, може да се развие ASCITES. Тоа претставува насобирање на течност во внатрешноста на желудникот кое може да биде толку обилно што може да направи притисок на белите дробови и да го попречи дишењето.

Замор

Хроничниот замор понекогаш може да биде симптом на проблеми со црниот дроб. Тогаш на телото му е потребен одмор. Доколку чувствувате слабост и замор подолго време заедно со некој од другите знаци, тогаш може да се работи за проблеми со црниот дроб. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!